Катар 2022 - последна станица за Меси и Роналдо, 2026 - зошто да не?

Филип Здравески
/ 05.10.2021 / 15:02

Нема значаен трофеј кој на клупско ниво го немаат освоено, но Мундијалот со неговата Божица на победата е алката која недостасува во кариерата на двата фудбалски генијалци.

Сакале или не, нажалост влегуваме во залезот на кариерите на Кристијано Роналдо и Лионел Меси - без аргумент најголемото дуо кои газело по фудбалската трева во овој 21 век.

И двајцата се мачеа со своите репрезентации, но некако барем успеаја да освојат континентален пехар: Роналдо со Португалија победи на ЕУРО 2016, како и на малку значајната Лига на нации 2019, а Меси годинава со Аргентина ја освои Копа Америка. Но, Светското првенство на ФИФА за нив останува недостижно.

Сега веќе во длабока фудбалска старост не е повеќе прашање дали некој од нив ќе освои Мундијал, туку дали воопшто ќе ги видиме на наредниот, оној кој за година и месец ќе се одржи во Катар.

Меси во 2014 дојде најблиску до пехарот на ФИФА

Во моментот кога 32 репрезентации ќе се соберат во Катар, Роналдо ќе има 37 години, додека Меси 35. Додека поголемиот дел фудбалери, особено од Европа, репрезентативните кариери ги завршуваат во првите години по 30-тиот роденден, овие двајца виртуози немаат намера да престанат, иако Меси еднаш речиси се откажа, но повеќе од разочарување отколку од било што друго. До денес ниту еден од двајцата нема најавено дека било кога планира да се повлече од најсветиот дрес.

Роналдо никогаш повторно не дојде толку блиску како во 2006

И двајцата летово ги сменија клупските бои, па ако ништо друго тогаш сигурно е дека во пензија нема да одат по само една сезона во Манчестер Јунајтед и ПСЖ. Роналдо и Меси ќе ги видиме во Катар, дефинитивно, освен доколку не се случи некои чудо во квалификациите па Португалија и Аргентина да не се квалификуваат, нешто кое на двете репрезентациите не им се има случено во ерата на овие два великана. Или, некоја повреда...

Фактот од кој повеќето фудбалски вљубеници се ежат е што Катар 2022 ќе биде последен мундијал за двајцата. На наредниот Мундијал кој во 2026 година ќе се одржи во Канада, САД и Мексико Меси ќе има 39 години, додека Роналдо 41. Но, Ибрахимовиќ на 39 се врати во репрезентацијата, деновиве наполни 40 и планира наредната година на 41 да игра во Катар. Значи, да не носиме заклучоци превреме.

„Пред неколку години возраста за играње фудбал беше докај 30-32 години, но сега ќе најдете 40-годишни играчи на теренот. Во моментот кога моето тело нема повеќе да одговара на барањата на теренот, тоа ќе биде знак дека треба да се повлечам. Мојот успех на теренот е резултат на напорна работа и на начинот на живот. Во континуитет работам на подобрување на моите ментални и физички способности“, неодамна изјави Роналдо запрашан околу пензионирањето.

„Лео ќе игра додека сака. На физичко ниво тој е брз, силен, тој е натпреварувачки ѕвер, физички е животно. Немам дилеми дека ќе игра во Катар“, рече Чави Ернандес, поранешниот соиграч на Меси од Барса.

Кога станува збор за златниот пехар на ФИФА, односно Божицата на победата, Роналдо најблиску стигна на Мундијалот 2006 во Германија кога во полуфиналето загуби од Франција сo 1:0 (Зидан од пенал), а на крајот заврши на 4. место. Меси, пак, отиде чекор понапред и на Мундијалот 2014 во Бразил дојде до финалето каде неговата Аргентина немаше решение за машинеријата на Германија и загуби со 1:0 (гол на Гетце во продолженијата).

Како и да е, фудбалкиот свет барем уште еден Мундијал ќе ужива во мајсториите на великаните Меси и Роналдо, најдобрите фудбалери на почетокот од 21 век.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе