Која е идеалната температура во секоја соба при постудено време?

За да ви биде пријатно и топло во затворен простор за време на постудено време, природно е да го подигнете термостатот, но ако не сте внимателни, овие прилагодувања може да ги зголемат и вашите сметки за енергија малку повеќе отколку што би сакале.

Затоа, следете го упатството подолу за да одредите на која температура да го поставите вашиот термостат во зима за здрава животна средина и прифатливи сметки за греење.

Одлуката за удобна температура за вашиот дом во голема мера зависи од личните преференции. Меѓутоа, за паметно да ја искористите енергијата, експертите препорачуваат да го поставите термостатот на околу 20 или 21 степен во текот на зимата додека сте будни и да го поставите пониско кога спиете или не сте дома.

Спалната соба треба да биде најстудената соба, а идеалната температура во неа е помеѓу 16 и 18 степени. Причината за толку ниската температура е секако квалитетот на сонот. Премногу високата температура во спалната соба лошо влијае на квалитетот на сонот, го зголемува немирот и го продолжува времето потребно за заспивање. Секако, температура под 16 степени не се препорачува ниту за спиење.

Сосема е доволно кујната да се одржува на 20 степени бидејќи и онака главно остануваме во неа додека готвиме, што дополнително го загрева просторот.

Одржувајте удобна температура од 21 степен во бањата. Ова ќе ја одржи просторијата удобна за престој, а создавањето на влага нема да претставува опасност за ѕидовите на бањата. Внимавајте да не ја загревате многу повеќе од тоа бидејќи топлиот туш ја зголемува температурата во просторијата, што може да резултира со недостаток на кислород.

Се разбира, најмногу се исплаќа доколку сте приклучени на градското парно.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе