Која е убавата загрепчанка што ги читаше хрватските гласови на Евровизија?

Водителката Маја Цигленечки, која во саботата ги читаше гласовите на Хрватска на Евровизија, со својата убавина го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

„Толку убава жена одамна немам видено“, „Природна убавина“, „Елегантна и префинета“, се нижат коментарите. Беше пофалена и од медиумите во Србија, традиционалниот ривал на Хрватска. „Која е убавата жена од Загреб што ги читаше хрватските гласови на Евровизија: Ја гледаа дури 160 милиони луѓе“, е еден од насловите кај нашиот северен сосед.

Во 2019 година започна да ја води емисијата „Dobro jutro, Hrvatska“ на HRT. Воедно, уредува и води емисија на втората програма на Хрватското радио.

„Имав среќа што пред 15-ина години ме препознаа како водителка и добив можност да се реализирам на тоа поле. Мислам дека на пеењето треба да му се посветжат оние што ја чувствуваат истата страст кон тоа како и јас кон телевизијата и радиото“, изјави таа во едно претходно интервју за tportal.hr.

Се натпреваруваше во шоуто „Zvijezde pjevaju“. Најголема поддршка ѝ се сопругот Бојан и синовите Лука и Леон.

„Бојан ми е вистинска поддршка и емотивно и логистички. Тој го следи секој мој настап од публиката, гласно навива и ме теши кога работите не одат според планот. На Лука на почетокот му беше забавно да ја гледа својата мајка како пее на телевизија. Сега се навикна на тоа па не обрнува премногу внимание. Леон е ентузијаст и си дозволува да оди во ритам штом ме види на сцената“, раскажува за Story.hr.

По завршувањето на Евровизија изјави дека е пресреќна што имала можност да дели кадар со британскиот водител Грем Нортон.

„Грем Нортон и јас во ист кадар. ГРЕМ НОРТОН. Гасете сè, мотајте ги каблите“, напиша таа.

 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more
 

Магазин

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе