СЕРИЈА А 2020/21

Конте: Голема победа, горд сум на Ериксен и Перишиќ

Стратегот на Интер ја слави дерби победата, но предупредува: „Сега вниманието е кон Џеноа и Парма, тоа се 180 минути кои ќе покажат до каде сме“.

Насмеан и смирен. Таков беше Антонио Конте по синоќешната победа во миланското дерби. Како ретко кога имаше шанса со смиреност да зборува за еден натпревар бидејќи неговиот Интер со убедливи 3:0 го среди Милан.

„Дали ова е најубавата победа откако сум во Интер? Па, ајде ќе оставам најуабвата допрва да дојде... Сепак, вистината е дека беше прекрасен натпревар, да не заборавиме и дека ова беше дерби во кое влогот беше првото место. Притисокот беше голем, но момците беа одлични: напредокот продолжува, среќен сум бидејќи натпреварот го подготвивме перфектно. Морам да им упатам комплименти на Милан и на Пиоли, поради сѐ она што го прават таму. Овие три бода им ги посветувам на нашите навивачи биејчи празниот стадион беше морничав“, реше Конте на прес-конференцијата по натпреварот.

Победата во дербито е веќе во минатото, сезоната е долга, а сега пред лидерот Интер се два вистински теста против оние помалите екипи против кои не смее да си дозволи кикс. Потоа, пак, следува и незгодната Аталанта.

„Психички, стравувам од Џеноа и Парма: играчите го знаат тоа, ни следуваат 180 клучни минути. Не мислам сега на Аталанта, тие се силен тим, го знаеме тоа: фокусот ни е кон наредните две кои ќе ни кажат многу во однос на она кон кое целиме“, вели тој.

Одлична партија одиграа и двајца играчи кои беа критикувани од навивачите за слабите игри, но критики добиваше и Конте за тоа што не можеше да го извади на виделина нивниот несомнен квалитет.

„Задачата на секој тренер е на секој играч да му ги всади своите идеи. Што се однесува до Ериксен и Перишиќ, горд сум што тие, како и останатите, се подобруваат. Не секој веднаш прави импакт во новата средина, на Кристијан му беше потребно време. Не носам однапред заклучоци за никој, па така ни за Иван: тој не е играчот кој го запознав кога дојдов, оваа сезона е тотално ставен на располагање на тимот. Има неверојатен потенцијал, го покажа тоа сега“.

Ова е втора сезона за Конте во Интер и сѐ уште го чека првиот трофеј. „Нераѕурите“ се први во Калчото и итаат кон Скудетото кое 11 години го чекаат.

„Натпреварите ги подготвуваме врз база на карактеристиките на противникот: трудот се исплати, по година и пол заедно момците веќе убаво знаат да извлечат максимум од ситуациите. Ги освестивме сите со победите над големите екипи, последнава со Милан беше само последна потврда за тоа“, заврши Конте.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе