Лејкерс доживеа еден од најтешките порази во историјата, Денвер силен и без Јокиќ

Кошаркарите на Филаделфија му го нанесоа еден од најтешките порази на Лос Анџелес Лејкерс, победувајќи со 44 разлика, 138:94.

Најголемиот гостински пораз на Лејкерс и понатаму е оној од јануари 2017 година, кога Далас беше подобар со вкупна разлика од 49 поени, 122:73, а воедно е и најтешкиот пораз за „езерџиите“ во историјата на НБА.

Макси ги предводеше Сиксерс до победата со 31 поен, осум асистенции и три скока, додека Ембиид додаде 30 со 11 скока и асистенции. Морис мечот го заврши со 16 поени, а Беверли додаде 12 со шест скока и три асистенции, додека Батум беше двоцифрен со десет поени, седум скока и четири асистенции.

Кај Лејкерс, Џејмс постигна 18 поени со пет асистенции, додека Дејвис додаде 17 со 11 скока и две асистенции. Ривс и Расел мечот го завршија со по 12 поени, а двоцифрен беше Принс со 11 поени и четири скока.

Remote video URL

Пораз на синоќешните натпревари претрпе и другиот тим од Лос Анџелес. Клиперс беа немоќни на својот паркет против актуелниот НБА шампион Денвер Нагетс, кој играше без Никола Јокиќ, Арон Гордон и Џамал ​​Мареј (кој долго беше надвор од теренот), но тоа не ги спречи да слават со 113:104.

Џексон беше најдобар во победничкиот тим со 35 поени, 13 асистенции и пет скока, додека Џордан додаде 21 со 13 скока и пет асистенции. Колдвел-Поуп го заврши натпреварот со 12 поени, три скока и две асистенции, додека Холидеј додаде и 12, но со шест скока.

На другата страна Ленард постигна 31 поен со осум скока и три асистенции, додека Ивица Зубац додаде 23 поени со 14 скока. Вестбрук мечот го заврши со 14 поени, 11 скока и три асистенции, додека Харден додаде 11 поени со четири асистенции и два скока. Двоцифрен беше и Пауел со десет поени и два скока.

Резултати:

Детроит - Вашингтон 107:126

Индијана - Портланд 110:114

Филаделфија - ЛА Лејкерс 138:94

Јута - Њу Орлеанс 114:112

ЛА Клиперс - Денвер 104:113.

Тагови
реклама

Вучиќ отвори автопат без дозвола за работа, инженерите одбиваат да потпишат документи

Read more

Грција воведува построги правила: Што значи ова за туристите од Македонија?

Read more

Финансиски хороскоп за јули 2025: Кој ќе отплати стари долгови?

Read more

Падна дел од настрешница во центарот на Белград

Read more

Кошарка

Дончиќ ќе ја предводи Словенија на Евробаскетот

Read more

Прв пат дури 7 тима учествуваа во трејд, некои поминаа многу добро

Read more

Јокиќ заработува милиони, но ништо не го радува како коњите

Read more

Леброн и Дончиќ добија засилување за напад на титулата: Одличниот центар потпиша за Лејкерс

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Падна клетвата, Новак победи пред Роџер: Конечно победив додека Федерер ме гледаше

Читај повеќе

Дончиќ ќе ја предводи Словенија на Евробаскетот

Читај повеќе

Сабаленка погласна од моторна пила, официјално најгласна тенисерка во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракитиќ со емотивно видео потврди дека ја завршува кариерата

Читај повеќе

Синот на Анчелоти станува тренер на актуелниот шампион на Бразил и на Јужна Америка

Читај повеќе

Прв пат дури 7 тима учествуваа во трејд, некои поминаа многу добро

Читај повеќе

Донарума е во шок: Оди на психолог откако ненамерно му ја скрши ногата на Мусиала

Читај повеќе

L'Équipe: Меси во нов клуб до крајот на годинава

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ заработува милиони, но ништо не го радува како коњите

Читај повеќе