Летување во Египет: Без шведска маса и најмногу двајца во хотелска соба

Министерството за туризам и антиквитети на Египет издаде посебна регулатива што се однесува на хотелското сместување и дочекот на гости.

Во моментов, сите хотелски капацитети во Египет се исполнети 25%, колку што е максималниот дозволен капацитет од Владата.

Дека епидемиолошката ситуација во Египет е подобрена сведочи и веста дека од 1 јуни хотелите ќе може да примаат двојно поголем број гости. Тогаш ќе може да се работи со капацитет од 50%.

Нови обврски на хотелите

Сите хотели кои сакаат да ги отворат вратите за гости ќе мора да аплицираат за посебна дозвола што ја доделува Египетската асоцијација на хотели, објави Travel Magazine. Дозволата се добива откако ќе помине лиценцирана инспекција што ја проверува актуелната безбедносна ситуација во хотелот, со акцент на обезбедување на адекватни и пропишани здравствени услови. Секако, сево ова е во склад со пропишаните мерки и препораки на Светската здравствена организација.

Потоа на хотелот му се доделува безбедносен и здравствен сертификат. Засега, оваа дозвола, односно сертификат го имаат добиено 10 хотели, објави Egypt Independent.

Од хотелите се очекува да пружат непречено работење на клиника, аптека и доктори кои ќе функционираат во склад со актуелната ситуација и препораките на Министерството за здравство на Египет.

Исто така, оформена е комисија чии членови се од Министерството за здравство и Хотелиерската комора на Египет, чија задача ќе биде да проверува дали сите пропишани регулативи се спроведуваат согласно законот.

Во собите најмногу две возрасни лица

Новите прописи предвидуваат дека во една хотелска соба може да престојуваат максимум две возрасни лица и едно дете. Сите хотели се задолжени на гостите и на вработените да им обезбедат заштитни маски, средства за дезинфекција и ракавици.

Засега, забранети се поголеми групирања и масовни настани, како свадби, прослави и журки со диџеј. Казината во хотелите ќе бидат отворени, но ќе работат со 50% од капацитетите.

„Ковид амбуланта“ во хотелите

Со оглед на факот дека пандемијата уште е во ек, секој хотел ќе мора еден дел од сместувачките капацитети во приземјето или во одвоени апартмани да пренамени во т.н. „Ковид амбуланта“ за карантин или сместување на луѓе со благи симптоми на болеста.

Покрај задолжителното редовно дезинфицирање на просториите, се очекува и дезинфекција на багажот по пристигнувањето на гостите. Исто така, на гостите ќе им се мери температура, исто како и на вработените при доаѓање на работа.

Нема сауна, ни шведска маса

Согласно препораките на СЗО, на неодредено време се укинува шведската маса како опција за послужување, а на гостите ќе им биде понудено дневно мени за време на престојот. На секоја маса гостите ќе најдат марамчиња и средство за дезинфекција, како и упатство за однесување за време на јадењето. Секако, задолжителна е социјалната дистанца на гостите на масата и меѓу масите.

Базените ќе бидат ви функција, како и теретаните, но не и сауните, услугите за масажа и џакузи.

Египет досега има 12.229 потврдени заразени со COVID-19, од кои 630 починаа.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе