Мајката на Илон Маск е модел на 69 години: Допрва почнувам

Младоста не е сѐ, барем не за 69-годишната манекенка и модел Меј Маск која ги руши табуата и границите во модната индустрија.

Мајката на милијардерот и иноватор Илон Маск е модерна жена која има изградено свое име независно од мегапопуларниот син кој е сопственик на „Tesla“ и „Space X“.

Меј ја почнала кариерата како модел на 15 години во Јужна Африка, но токму во изминативе години, во шестата деценија од нејзиниот живот таа го дожувува цутот на успехот.

Нејзиниот успех не се должи само на трендот на враќање на сцената на низа супермодели од 90-тите, ниту пак на напорите на модната индустрија да ја прошири разноврсноста и да го редефинира поимот за убавина. Тоа се должи и на нејзиниот пркосен и неуморен дух.

„Во изминативе 50 години немав работено толку колку во 2017“, вели таа.

На ревиите за сезоната пролет 2018 во Милано, Париз, Лондон и Њујорк видовме рекорден број на модели на пистата кои се во петтата и шестата деценија од животот – вкупно 27, според Fashion Spot.

Меј Маск има договор со агенцијата IMG Models со која работат супермоделите Жизел Бундшен и Џиџи Хадид.

Нејзини фотографии ги краселе насловните страници на познати списанија како New York Magazine, Elle Canada и VOGUE Korea. Таа исто така е најстарата бренд амбасадорка на американската козметичка компанија CoverGirl.

Меј, која е баба на десет внуци, смета дека тоа што ја оставила косата природно да ѝ побели и не направила ништо да ги покрие седите влакна ѝ помогнало во кариерата.

Таа додава дека кариерата на модел носи и предизици.

„Морам да ги планирам сите оброци и ужинки во текот на денот, или ќе излетам од шини и ќе се здебелам“, вели Меј Маск, која е дипломиран нутриционист со две магистерски дипломи.

„После ми требаат две недели строг режим да ослабам. Носам британска величина 8, значи не сум баш слабичка.“

Иако можеби модната индустрија бавно ги проширува хоризонтите кога е во прашање возраста, Маск продолжува со работа и се надева дека ќе работи и во нејзините 70-ти и подоцна. Нејзините ангажмани се инспирација за ангажирање и на други модели на нејзина возраст.

„Прекрасно е што брендовите, списанијата и дизајнерите се фокусираат на реални приказни за постарите жени. Младите модели се радуваат кога ќе ме видат на некој настан бидејќи тоа е надеж за нивната иднина. Мојот хаштаг е #ДопрваПочнувам.“

Тагови
реклама

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Читај повеќе

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Читај повеќе

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Читај повеќе