Ромелу Лукаку беше јунакот во синоќешната победа на Интер над Порто во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, а сега излезе во јавност причината зошто важниот натпревар го почнал од клупата за резерви.
Интер на „Џузепе Меаца“ едвај го скрши отпорот на гостите од Португалија и тоа со гол на 4 минути пред крајот. Лукаку прво биеше со глава во стативата, топката среќно се одби повторно кај него и овој пат со нога не погреши.
Спортскиот директор на „Нераѕурите“, Џузепе Марота, ја коментираше одлуката на тренерот Симоне Инѕаги белгискиот напаѓач да го остави на клупата за резерви, наместо да почне од првата минута. За потсетување, во нападот на Интер стартуваа ветеранот Един Џеко и новиот капитен Лаутаро Мартинес.
„Зошто Лукаку на клупа? Затоа што има 103 килограми и не е спремен. Играч во првите единаесет мора 100% да биде подготвен, тој не е и го чекаме да се врати во форма. Покрај тоа, имале лоша сезона во која играше и на Светското првенство. Откако се врати не му го даде на Интер тоа што го може, но убедени сме дека ќе се среди и ќе биде важен за нас во завршницата од сезоната“, рече Марота во изјава за италиајнските медиуми.
Лукаку во игра влезе во 58. минута на местото на босанкиот напаѓач Џеко.