Меделин Мекен најверојатно била убиена набрзо по грабнувањето

Германските служби сметаат дека Меделин Мекен, Британката која беше грабната кога имаше речиси четири години од одморалиште во Португалија во 2007 година, најверојатно била убиена набрзо по киднапирањето, објави The Times of London.

Осомничен за нејзиното грабнување и убиство е 43-годишен Германец идентификуван како Кристијан Б., кој во декември, 2019 година добил затворска казна по обвинение за силување на 72-годишна Американка во Португалија во 2005 година.

Тој има поднесено жалба на пресудата и во моментов отслужува 21-месечна затворска казна за продавање дрога.

Германскиот обвинител Ханс Кристијан Волтерс кој ја води истрагата за Меделин откако беше утврден новиот осомничен, изјави:

„По мое лично мислење, тој релативно брзо го убил девојчето,  откако најверојатно сексуално го злоставил. Сметаме дека нашиот осомничен има извршено многу злосторства, особено сексуални, како во Португалија, така и низ Германија.“

Според судските документи, осомничениот ја силувал жената од САД во вила во близина на Праиа да Луз, истото одоралиште каде престојувала Меделин со нејзиното семејство кога беше грабната.

Кристијан Б. во октомври 1994 година добил две години казна во поправен дом за сексуално злоставување дете.

Лондонската полиција минатата недела соопшти дека осомничениот патувал со кампер комбе низ Португалија во истиот период кога Меделин исчезна.

Ноќта кога таа исчезна, осомничениот бил во Праиа да Круз и примил телефонски повик што траел речиси 30 минути. Полицијата ја смета личноста која му се јавила за „клучен сведок“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе