Медведев: Москва ќе постигне мир во Украина по свои услови

Поранешниот руски претседател цврсто најави дека условите за мир во Украина може да ги определи само Русија.

Иако Украина ужива невидена поддршка од Западот, тоа нема да ја спречи Москва да ги оствари своите цели за национална безбедност - исто како што не ѝ помогна на Грузија во несреќната инвазија на Јужна Осетија во 2008, истакна денеска Дмитриј Медведев.

Пишувајќи на Telegram по повод 15-годишнината од почетокот на петдневниот конфликт меѓу Русија и Грузија, кој избувна кога Тбилиси го гранатираше главниот град на Јужна Осетија, Цхинвал, Медведев истакна дека Москва „одлучно одговори на одвратниот напад“ и „пружи жестоко одбивање на агресорот“.

Медведев, кој беше претседател во времето на тој конфликт, рече дека тогашниот грузиски лидер Михаил Саакашвили ја имал поддршката „на целиот Запад, кој и тогаш се обидуваше да ја придвижи ситуацијата во непосредна близина на границите на Русија“.

Но, продолжи Медведев, на московската војска ѝ требаше помалку од една недела за „силно да ги казни дрските (грузиски) националисти“.

Објаснувајќи го неуспехот на Западот да направи повеќе за да ја исфрли од колосек Русија во тоа време, поранешниот претседател рече дека „САД и неговите вазали тогаш немаа доволно искуство“.

„Денес тие повторно водат криминална прокси војна, обидувајќи се да ја збришат Русија од лицето на Земјата“, додаде, алудирајќи на војната во Украина.

„Целиот систем на НАТО практично на отворено се бори против нас. Имаме доволно сили да ги решиме сите задачи на специјалната воена операција. Исто како во август 2008 година, нашите непријатели ќе бидат уништени, а Русија ќе постигне мир по свои услови“, рече Медведев.

Кога Тбилиси, кој тогаш активно сакаше поблиски врски со НАТО, ја нападна отцепената република Јужна Осетија, Москва одговори со отпочнување на „операција за спроведување на мир“ со цел да ги заштити руските граѓани што живеат во областа, како и локалниот руски мировен контингент. Во меѓувреме, друг отцепен регион - Абхазија - објави почеток на мобилизација од страв дека Тбилиси и таму ќе изврши напади.

Руските сили за брзо време направија пресврт, туркајќи ги грузиските сили назад на нивна територија, а Медведев на 12 август објави крај на операцијата. Подоцна истиот месец, Москва ја призна независноста на Јужна Осетија и Абхазија. Тбилиси до ден денес ги смета за свои територии, а само неколку држави, меѓу кои Сирија и Венецуела, ја имаат признато нивната независност.

Руските власти постојано го критикуваат Западот поради неговата масовна испорака на оружје за Украина, тврдејќи дека тоа само ќе ja одолговлечи војната, но нема да го смени исходот. Москва наведе и дека помошта со оружје го прави НАТО директен учесник во војната.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе