ФИБА МУНДОБАСКЕТ 2023 ФИЛИПИНИ/ЈАПОНИЈА/ИНДОНЕЗИЈА

МундоБаскетот ќе остане посиромашен за голем број ѕвезди, најголемата е Никола Јокиќ

МундоБаскетот сè уште не започнал, но горчливиот вкус околу него веќе се чувствува. Тоа требаше да биде собир на најдобрите кошаркари на денешницата, но, за жал, многу ѕвезди од различни причини нема да бидат во можност да се натпреваруваат за светската титула на тлото на Азија.

МундоБаскетот кој ќе се одржи од 25 август до 10 септември во Филипини, Јапонија и Индонезија ќе остане послаб за дури 24 врвни кошаркари, а не ја сметаме селекцијата на Соединетите Американски Држави, за која е карактеристично доаѓањето на глобалниот собир без најголемите ѕвезди.

Списокот на отсуства започнува со најдобриот кошаркар на денешницата, Никола Јокиќ, кој минатата сезона ги предводеше Денвер Нагетс до НБА прстенот, но со Србија нема да игра за освојување на пехарот на Светското првенство.

Освен Јокиќ, Србија ќе биде ослабена со отсуството на Василије Мициќ и Никола Калиниќ, а исто како и во случајот со Јокиќ, нема конкретно објаснување за причината за нивното отсуство. Немања Недовиќ отпадна од лични причини, а Владимир Лучиќ беше одвоен од теренот поради повреда.

Покрај Србија, на МундоБаскетот драстично ќе биде ослабена и Грција. Двократниот МВП на НБА, Јанис Адетокунбо нема да игра за Грците, а се повлекоа и двајцата ветерани Ник Калатес и Костас Слукас.

На репрезентацијата нема да и помогне најголемата ѕвезда на латвиската кошарка Кристапс Порзињѓис, а во Азија нема да го видиме ниту соиграчот на Јокиќ од Денвер, Џамал ​​Мареј.

Шпанците на турнирот ќе одат без двајцата најдобри плејмејкери Рики Рубио и Лоренсо Браун, додека Литванците ја немаат НБА ѕвездата Домантас Сабонис, искусните евролигашки играчи Мариус Григонис и Рокас Гидраитис.

Ниту Французите нема да бидат комплетни на МундоБаскетот. „Галските петли“ ќе останат без помошта на првиот пик од годинешниот драфт во НБА, Виктор Вембанјама.

Отсуствата не завршуваат тука. Италија ќе остане без помошта на Ник Манион од Басконија, Јапонија без својот најдобар играч Руи Хачимура, Влатко Цанчар е повреден кај Словенците, а Германците не можат да сметаат на Макси Клебер од Далас. Селекцијата на Доминиканската Република некако ќе мора да се снајде со отсуството на ветеранот Ал Хорфорд.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Кошарка

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе