Надал: Не знаев дека може да се игра со позитивен тест на корона

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во второто коло на Вимблдон откако го победи Аргентинецот Франциско Серундоло со 3-1 во сетови (6:4. 6:3, 3:6, 6:4), а по мечот одговараше на новинарски прашања осврнувајќи се на случаите со коронавирус кои сега се појавија.

Марин Чилиќ и Матео Беретини претходно отпаднаа од турнирот поради позитивен тест на коронавирус, а еден од присутните новинари констатираше дека на Беретини му е кажано дека може да игра доколку сака, но тој одлучил дека не сака да се натпреварува за да не дојде во контакт со другите играчи.

„Кога ќе се изговорат такви работи лесно е да се создаде конфликт, прво треба да бидеме сигурни дека постои основа за тоа. Доколку не се лажам, не се сеќавам на ковид случаи на Ролан Гарос. Ги немам сите информации за да изразам јавно мислење за тоа, но попрво не би зборувал за работи со кои не сум сосема запознаен. Информацијата што ја имам, а не знам дали е точна, е дека играчот може да одлучи дали сака да се тестира доколку има некои симптоми. Ако сакаш да се тестираш и тестот испадне позитивен, тогаш нема да играш. Но, вие сега ми кажувате дека можеш да продолжиш да играш иако си позитивен, навистина не знам. Единствено што знам е дека можеш да одлучиш дали сакаш да се тестираш доколку не се чувствуваш добро“, изјави шпанскиот тенисер .

Надал во второто коло ќе игра со Ричардас Беранкис.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе