СТАТИСТИЧКА АНАЛИЗА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

Најголем дневен број на заразени имало на 15 април, оттогаш кривата опаѓа

Согласно статистичката анализа на Институтот за јавно здравје, направена заклучно со 5 мај, на 1.539 потврдени случаи на COVID-19, инциденцата на 100.000 жители во земјата изнесува 74,7, стои во сопштението од Министерството за здравство објавено денеска.

Највисока кумулативна инциденца е регистрирана во Куманово со 281,7 заболени на 100.000 жители, потоа во Дебар 183,8, во Прилеп 170,0 и Велес 129,8.

Инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Струга, Штип и Кочани.

Градови кои регистрираат од 0,0 до 0,1 инциденца на 100.000 се Свети Николе, Берово, Ресен, Кратово.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години, а просек е 45,1 година. Најголем број на заболени се на возраст над 60 години (334 лица) или 21,7% со инциденца од 871 на 100.000, а највисока специфична инциденца од 115,1 на 100.000 е регистрирана кај возрасната група од 50 до 59 години (320 лица).

Најниска инциденца од 23,6 и 25,2 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0 до 9 и од 10 до 19 години, каде се пријавени 54, односно 63 случаи.

Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (107) е регистриран на 15 април, 2020 година. Од тогаш, бројот на заболени, односно епидемиската крива бележи пад и соодветно на тоа, од 25 април до 2 мај регистрирани се под 30 нови случаи, а од 2 до 5 мај регистрирани се под 15 нови случаи на COVID-19. 

Од пријавените случаи 23,2% (357 лица) се или биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле или се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Кај 33,5% (516 лица) од дијагностицираните не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Регистрирани се 88 смртни случаи и согласно ова стапката на смртност изнесува 5,7%. Од регистрираните смртни случаи најголем дел се на возраст над 60 години (57 лица). Од починатите кај 75% (66 лица) се регистрирани коморбидитети.

Од 15 февруари до 5 мај, тестирани се вкупно 17.863 материјали во лабораториите во кои се спроведуа молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Според исходот од заболувањето, 25,6% се активни случаи, 68,7% се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашно лекување.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе