Невидлива 6-минутна гимнастика: Го враќа телото во форма без никаков напор

Ф.З.
/ 10.01.2024 / 13:21

Иако имаме уште празници во јануари, главните поминаа и сега можете лесно да почнете да го враќате телото во форма.

Оние што добро се хранеле сега треба добро да вежбаат. Но, не е добро ниту за душата ниту за телото да се започне силно и наеднаш. Затоа, невидливата гимнастика на д-р Воробјов е совршена за сите возрасни категории.

За што се работи? Доктор Воробјов смислил воена гимнастика која трае само 6 минути. Оваа наградувана невидлива гимнастика се изведува за кратко време, а ефектите се фантастични.

Трикот е во тоа што овие шестминутни вежби се повторуваат секој час.

Невидливата гимнастика која трае 6 минути се состои од 8 вежби кои можете да ги изведувате додека гледате телевизија, седите на компјутер или читате.

Еве како изгледа мини тренингот:

1. Подигнување на пети (додека седите, кренете ги стапалата на прстите. Ова е одлична вежба за телето. Направете 40 повторувања);

2. Подигнување на прсти (петиците се прицврстени на подот, 40 пати подигнете го остатокот од стапалото нагоре);

3. Затегнување на задникот (затегнете ги глутеалните мускули 50 пати);

4. Затегнување на стомакот (вдишете преку нос, издишете преку уста и додека не издишете повлечете го стомакот; повторете 20 пати);

5. Грбни мускули (раширете ги рамената, исправете го грбот и повлечете ги рамената наназад и доближете ги лопатките една до друга. Повторете 20 пати);

6. Стиснете и опуштете ги тупаниците (повторете 50 пати, ова е вежба за речиси целата рака);

7. Свртете ја главата на страна (многу бавно и внимателно свртете ја главата наизменично десно и лево, така што положбата да формира агол од 90 степени. Повторете 20 пати, вратот ќе ви се заблагодари);

8. Извлечете ја брадата (турнете ја брадата и долната вилица напред, така што долната усна ќе помине преку горната. Ова е вежба со која можете да се ослободите од подбрадокот).

Кога ќе поминат три недели од почетокот на дневните вежби, оваа гимнастика ќе ви стане навика и секој ден ќе се чувствувате, но и изгледате многу подобро.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе