New York Times: Овој Вимблдон е на Новак Ѓоковиќ. Не превртувајте очи

New York Times објави текст со наслов „Овој Вимблдон е на Новак Ѓоковиќ. Не превртувајте очи“.

Авторот на текстот Курт Стритер го споредува Ѓоковиќ со Марк Ротко, сликар од правецот апстрактен експресионизам.

„Ја усоврши рамнотежата, работата со нозете, подготовката, многу повеќе од кој било друг во историјата на тенисот. Федерер го има грациозниот уметнички пристап на Рембрант, тенисот на Надал наликува на удари со левата рака во боксот, но вреди да се спомене дека и играта на Ѓоковиќ си има своја убавина. Ниту еден врвен играч не е толку флексибилен како тој, може да игра на секаков терен“, вели Стритер.

Тој е различен од Федерер и Надал во секој поглед, вклучувајќи го фактот дека не потекнува од богатите земји како што се Швајцарија и Шпанија, туку од една земја во која навивачите не можат да се пронајдат ниту на мапа, вели новинарот.

Тој им се обрати на сите оние коишто го оспоруваат светскиот рекет број 1.

„За сите оние коишто го мразат, сето ова е една горчлива пилула којашто мора почесто да ја голтаат. Новак сега има предност во меѓусебните дуели. Од 2011 година освои 18 Грен слемови, седум повеќе од Надал и 14 повеќе од Федерер“, пишува Стритер.

„Ако продолжи вака, Новак повторно ќе го крене шампионскиот пехар, а тоа е уште еден укор за оние коишто одбиваат да прифатат дека тој е највозбудливиот играч во овој спорт“, заклучува новинарот.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе