Од најдобри до најлоши: Највпечатливите изданија на Греми наградите

Годинешното 66-то доделување на Греми наградите го одбележаа некои од најголемите музички имиња во светот, но модните комбинации кои секоја година ја красат оваа популарна церемонија секако се неизбежни.

Се чини дека годинава немаше трендови кои верно ги следеа ѕвездите, па можеа да се забележат различни модни комбинации. Но, не сите изданија беа популарни. Сепак, ова се некои од најнезаборавните креации на 66. Греми награди.

Апсолутната победничка на овогодинешните награди, Тејлор Свифт, не само што го освои четвртото Греми за најдобар албум и со тоа го сруши рекордот по број на освоени Греми во оваа категорија, туку најави и нов албум, кој ќе излезе годинава.

Така Тејлор избра бел фустан без прерамки со длабок шлиц на едната страна, а сето тоа го комплетираше со црни потпетици со отворени пети и долги елегантни ракавици.

Фустаните како и секогаш доминираа на Греми, а една од ретките жени кои се појавија во комбинезон беше американската водителка и пејачка Шанел Вест Коуст која облече комбинезон и ги покажа своите облини.

Меѓутоа, големо внимание привлече 43-годишната Кристина Агилера, која се појави во тесен светлосин фустан со набори. Инаку, Агилера неодамна се пофали со значително намалување на тежината.

Таа претходно сподели како изгубила околу 20 килограми со текот на годините со ограничување на дневниот внес на храна на 1.600 калории и следејќи ја Виножито диетата.

Една од оние која речиси на секој настан се појавува во свој стил е Били Ајлиш. Ретко ја воодушевува јавноста со своите модни комбинации, но секако е една од најавтентичните личности на музичката сцена. Значајно е да се истакне дека ја доби и наградата за најдобра песна, а тоа е „What Was I Made For?“.

Бидејќи целата минатата година беше за филмот „Барби“, Били реши да облече популарна црна колеџ јакна со розови ракави и логото „Barbie“. Под сакото Носеше бела кошула и црна вратоврска, а остатокот од својот стајлинг го комплетираше со црни панталони и пар црни чизми.

Иако на Греми наградите и други слични церемонии често се појавуваат модни комбинации кои „повеќе откриваат отколку покриваат“, оваа година беше реткост. Мајли Крајрус и нејзиниот сингл „Flowers“ ја добија наградата за плоча на годината, а пејачката реши да дојде во интересна модна комбинација.

Таа избра фустан кој само ги крие нејзините интимни делови, а нејзината фризура е тема на разговор на социјалните мрежи.

Некои од останатите:

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Читај повеќе

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Читај повеќе

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Читај повеќе
  • filter

Тоне еден од најголемите градови во светот

Читај повеќе

Намалете ги слатките: 8 знаци дека консумирате премногу шеќер

Читај повеќе