Пет имиња за кои се трага: Кој сѐ се наоѓа на исчезнатата подморница?

Продолжува потрагата по подморница која исчезна при обидот да се спушти до потонатиот брод „Титаник“ кај канадскиот брег. Контактот со подморницата е изгубен во неделата, а се знае кои пет лица се во неа.

Во подморницата „Titan“ се: британско-пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулеман, британскиот милијардер и истражувач Хејмиш Хардинг, поранешниот нуркач на француската морнарица Пол-Анри Наржоле, и Стоктон Раш, извршен директор и основач на Ocean Gate, која организира експедиции до „Титаник“.

Пол-Анри Наржоле

Семејството на Пол-Анри Наржоле, искусен француски нуркач со долгогодишно искуство во истражувањето на „Титаник“, рече дека тој исто така бил на исчезнатата подморница. Наржоле е шеф на подводното истражување во RMS Titanic Inc., која има ексклузивни права за спасување предмети од потонатиот брод.

Според официјалната биографија објавена на веб-страницата на компанијата, Наржоле досега нурнал 35 пати до потонатиот брод и бил одговорен за извлекување на 5.000 предмети. Воедно, поминал 22 години во француската морнарица.

Хејмиш Хардинг

Action Aviation, компанијата во сопственост на британскиот милијардер и истражувач Хејмиш Хардинг, објави дека Хардинг моментално се наоѓа во подморницата „Titan“. Во 2019 година, Хардинг го привлече вниманието на светските медиуми како член на тимот за летање кој го постави светскиот рекорд за најбрзо обиколување на светот преку Северниот и Јужниот Пол.

Следната 2020 година, стана еден од пионерите во нуркањето до најдлабоката точка на Маријанската Бразда, познат како Challenger Deep, кој ги опфаќа сите светски океани. Минатата година го доби прекарот „вселенски патник“ откако учествуваше во комерцијален лет на Blue Origin, сопственост на Џеф Безос.

Шахзада и Сулеман Давуд

Во соопштението објавено од семејството Давуд, се наведува дека Шахзада Давуд и неговиот син Сулеман биле качени во подморницата која се упатила кон потонатиот брод „Титаник“. Во соопштението се наведува дека таткото и синот тргнале на „патување до потонатиот брод 'Титаник' во Атлантскиот Океан“.

Семејството Давуд е истакнато деловно семејство од Пакистан. Нивната компанија, Dawood Hercules Corporation, е една од најголемите корпорации во земјата, која се занимава со различни сектори како што се енергија, петрохемикалии, ѓубрива, информатичка технологија, преработка на храна и земјоделство.

Стоктон Раш

Синоќа компанијата OceanGate потврди дека Стоктон Раш, извршен директор и основач на компанијата, е меѓу петте лица во исчезнатата подморница. Компанијата не даде дополнителни информации за неговата улога за време на експедицијата. Раш стана најмладиот пилот во светот со рејтинг за млазен транспорт кога ја доби лиценцата од Американскиот институт за авијација во 1981 година на 19-годишна возраст, дизајнираше бројни авиони и подморници, а во 2012 година ја основа компанијата OceanGate.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе