Пет потези со кои најлесно ќе ги налутите Стрелците

Родените во знакот на Стрелец обично се забавни, оптимистични и имаат слободен дух. Позитивни се, ведри, зборлести и настроени кон авантури. Но, понекогаш умеат да бидат и  многу чувствителни.

Ако меѓу најблиските имате Стрелец, не е лошо да знаете кои работи може лесно да го налутат.

1. Совет кој не го побарале

Стрелецот ако не ве праша за совет, подобро не му го ни давајте. Не поднесуваат најдобро критика, а повеќето од нив добронамерниот совет ќе го сфатат како навреда.

Умеат да ценат совет тогаш кога ќе го побараат, а во сите други ситуации подобро внимавајте што ќе кажете.

2. Негативност

За Стрелците негативноста е знак дека пред нив стои личност со затворен ум, а тоа е нешто што ги излудува. Познати се по оптимизмот со кој гледаат кон животот и не сакаат луѓе кои се обидуваат тоа да им го уништат.

Стрелците тежнеат да бидат опкружени со позитивна енергија.

3. Недостаток на продуховеност

Стрелците се многу остри кога станува збор за моралот. За нив лошиот морал е последица од недостаток на продуховеност.

Ако вашиот морален компас не е баш најдобар, добро размислете пред тоа да го покажете на Стрелец. Во нивна близина најдобро е да бидете љубезен и примерен.

4. Контролирање луѓе

Ако сте личност која сака да ги контролира другите, на Стрелците тоа воопшто нема да им се допадне. Тие се познати по својот безгрижен и слободен дух.

Немојте да се мешате во овој дел од нивната личност, намерно ќе направат спротивно од тоа што им го зборуваат другите.

5. Прекумерно поедноставување на работите

Стрелците сакаат да учат, а луѓето кои ги поедноставуваат работите им ја скратуваат таа можност. Тоа ги излудува.

Прилично се интелигентни и не сакаат кога луѓето нивниот хумор го мешаат со глупост. Ги навредува кога некој се обидува да им ги објасни работите како да се мало дете. Затоа кон нив треба да бидете љубезни и да ги третирате со почитта што ја заслужуваат.

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе