Пет уверувања кои нè кочат кон патот на успехот и среќата

Кога носиме одлуки често ги темелиме на уверувања од претходните искуства, но факт е дека некои од нив влијаат на нашиот пат кон успехот и среќата.

Често се случува мозокот да ни се кочи во моменти кога сакаме да се ослободиме од некои стари уверувања и да прифатиме нови. Уверувањата кои ги насочуваат нашите постапки најчесто се втемелени на основа на нашите искуства од минатото. Токму затоа често се случува да носиме погрешни одлуки. Понекогаш дури и сме свесни дека не се добри за нас, но сепак одлучуваме да ги спроведеме во дело.

Во таквите ситуации е важно покрај себе да имаме некој близок, некој кој е спремен да ни ја разбуди свеста.

Кои најчести уверувања стојат на патот кон вашиот успех?

1. Морам напорно да работам за да бидам успешен во работата

Луѓето често сами си наметнуваат нереални очекувања кога станува збор за работата. Најчесто тоа е последица од настани на кои сме биле изложени како деца. Оние деца кои имале притисок за одлични оценки во текот на животот имаат притисок дека тоа мора да продолжи и понатаму, кога станува збор за работа, семејство, деца.

Треба да сфатите дека никој не е совршен, секој греши и не мора во сè да бидете успешни.

2. Семејството и пријателите ми посакуваат се најдобро, мора да ги слушам нивните совети

Колку и да сме блиски со семејството или пријателите тие не минале низ исти ситуации како вас. Колку и да се познаваме добро, не можат да знаат како се чувствувате во одреден момент. Тоа е една од причините зошто не треба секогаш да ги слушате нивните совети.

3. Ако заработувам добро ќе бидам среќен

Колку и да сакате ова да звучи вистинито, факт е дека парите не се мерило за среќа. Бројни истражувања спроведени на добитници на игри на среќа покажале друго, со парите не си купиле среќа.

Може да тежнеете кон финансиска сигурност, со парите може да си дозволите комфор, но не и среќа.

 4. Никогаш нема да бидам доволно добар

Со оглед на тоа колку брзо ни се случуваат работите во текот на животот, често не мачи чувството дека никогаш нема да бидеме доволно добри. Никако не се гледа крајот на учењето, како во работата така и во приватниот живот. Постојано мора да се усовршуваме, да стекнуваме нови знаења и вештини. Вложувањата во самиот себе не престануваат и тоа кај луѓето често предизвикува страв.

Но, факт е дека човекот најдобро учи од грешките.

5. Не треба да покажувам емоции

Најлесниот пат психички да се скршите е емоциите да ги чувате во себе. Без оглед дали  сте лути, повредени, тажни поради губиток или оптоварени со обврски, важно е тоа да го споделите со некого.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе