Почнува сезоната на јагоди: Како најдобро се мијат?

Иако нивната сезона официјално е дури во јуни, маркетите и продавниците веќе се преполни со ова слатко овошје кое на многумина им е омилено.

Без разлика дали сакате да уживате во цели јагоди, да ги исечкате и додадете на сладолед, колачи или пак во салата, дури и ако самите сте ги набрале, јагодите треба да се измијат пред јадење бидејќи неизмиените јагоди може да содржат земја и друга нечистотија, како и остатоци од пестициди.

Златното правило за миење и чистење јагоди е да ја исчистите само количината што ќе ја искористите во дадениот момент, а дотогаш сувите и неизмиени јагоди треба да се чуваат во фрижидер. Порталот Pioneer Women советува јагодите што сакате да ги измиете да ги ставите во цедалка и да ги држите под ладна вода околу 20 секунди, мешајќи ги со рака за да бидете сигурни дека сте ги измиле сите страни.

@neat.caroline How to wash strawberries 🍓 #fyp #bakingsoda #strawberries #bakingsodahacks #kitchentips #armandhammer #producetips #sustainableliving #hometips ♬ original sound - Neat Caroline

Јагодите можете да ги миете на уште неколку други начини.

И иако тоа веројатно е доволно, оние кои не ѝ веруваат на обичната вода можат јагодите да ги измијат и со сол, оцет или дури и сода бикарбона.

Миење јагоди со сол

Потопувањето на јагодите во солена вода ќе помогне да се отстранат сите скриени нечистотии и можни бубачки. Растворете една кафена лажичка сол во неколку шолји топла вода и додадете неколку коцки мраз за да се излади, а потоа натопете ги јагодите во неа 5 минути. Исцедете ги и измијте ги добро за да не добијат солен вкус.

Миење јагоди со оцет

Ако сакате да ги измиете јагодите со оцет, измешајте две шолји вода со половина шолја алкохолен или јаболков оцет и во смесата потопете ги јагодите 10 минути. Исцедете ги и измијте ги темелно за да немаат кисел вкус.

Миење јагоди со сода бикарбона

Некои корисници на TikTok се колнат дека единствениот начин да се отстрани целата нечистотија од јагодите е да ги измиете во вода со сода бикарбона. Ако мислите дека содата е трикот на совршено чистите јагоди, истурете четири чаши вода во сад и додадете една лажичка сода. Промешајте и додадете ги јагодите, па оставете ги внатре 5 до 10 минути. После тоа, измијте ги темелно под ладна вода и исушете ги на хартиена крпа.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Живот

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Read more
 

Магазин

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе