Работни состаноци, обуки, курсеви и семинари може да се одржуваат, но без групирање на паузи

Мерките во земјава почнаа да се олабавуваат, а од вчера согласно одлуката на Влада почнаа со работа дел од трговските центри, спортските обложувалници и автошколите.

Веќе од вчера преку центрите за едукација за возрасни може да се спроведуваат обуки и семинари. Се отворија и автоиспитните центри и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје. По препорака на Комисијата за заразни болести од вчера почнаа со работа и стоматолошките ординации во земјава кои се должни да се придржуваат кон протоколите и упатствата за работа.

Владата вчера ги објави Протоколите кои произлегуваат од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Протоколот за работа на трговските центри може да го прочитате ТУКА, за индивидуални спортски тренинзи ТУКА, за работа на обложувалниците ТУКА и за автошколите ТУКА.

ПРОТОКОЛ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ СОСТАНОЦИ, ОБУКИ, КУРСЕВИ И СЕМИНАРИ
  • Времетраењето се ограничува на најмногу 6 часа, со задолжителна пауза на секои 2 часа
  • Пред почеток на средбата, учесниците задолжително да се известат дека доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) им се препорачува да не присуствуваат
  • Се ограничува бројот на учесници согласно просторот со цел да се обезбеди задолжително физичко растојание на учесниците од 1,5-2м, но не повеќе од 30 лица
  • Организаторите, предавачите и учесниците задолжително да носат заштитни маски
  • Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете
  • Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол)
  • Просторијата почесто да се проветрува, по можност за време на часовите и задолжително во текот на паузите
  • За време на паузите се забранува групирање на присутните
  • По завршување на настанот, просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција за горни површини
  • Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак.
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе