Роман Абрамович: Од сираче до санкциониран олиграх

Кога Борис Елцин поднел оставка во 1999 година, Роман Абрамович наводно бил меѓу оние кои го поддржале премиерот и поранешен шпион на КГБ, Владимир Путин, како негов наследник, пишува BBC.

Останал сираче на тригодишна возраст, а подоцна станал еден од најбогатите луѓе во светот. Сега сите негови врски со Путин го лишија Абрамович од неговите бизниси и репутација.

„Сигурен сум дека луѓето ќе се фокусираат на мене три или четири дена, но тоа ќе мине“, изјави рускиот милијардер кога го купи лондонскиот фудбалски клуб Челси во 2003 година. „Ќе заборават кој сум и тоа ми се допаѓа“.

Сега се мали шансите за анонимност,имајќи ги предвид настаните од изминатиот месец. Британската Влада ги замрзна неговите средства во Велика Британија – неговиот имот, куќа, уметнички дела и фудбалскиот клуб Челси и му забрани влегување во земјата. Го обвини за соучесништво со Путин во руската инвазија на Украина.

Но, Абрамович има поминати огромни предизвици и претходно во животот. останал сираче кога имал 3 години. Израснат бил од роднини и претходно има изјавено дека немал толку лошо детство. Училиштето го напуштил кога имал 16 години, работел како механичар и служел во Црвената армија, пред да почне да продава пластични играчки во Москва. Потоа преминал на парфеми и дезодоранси, градејќи богатство бидејќи поголемата отворенос под светскиот лидер Михаил Горбачов дозволила поголем маневарски простор на претприемачите.

Распадот на Советскиот Сојуз, а со него и управувањето со државните минерални богатства, овозможил повеќе прилики и во раните дваесетти на Абрамович му се посреќило во бизнисот. Ја презел нафтената компанија Сибнјефт од руската влада на наместена аукција во 1995 година, за околу 250 милиони долари. Ја продала повторно на Владата за 13 милијарди долари во 2005 година.

Неговите адвокати тврдат дека нема основа за сомнежи дека се збогатил со помош на криминал. Но, во 2012 година пред британскиот суд признал дека извршил исплати како поткуп за договорот за Сибнјефт.

Откако влегол во политика, му станал сојузник на Борис Елцин, а едн време имал и стан во Кремљ. Кога Елцин поднел оставка во 1999 година, Абрамович му дал поддршка на Путин.

Кога Путин ја зацврстил позицијата, сакал да воспостави доминација над олигарсите. Некои завршиле во затвор, додека други биле протерувани ако не покажале верност. Абрамович имал среќа, во 2000 година бил избран за гувернер на осиромашениот регион Чукотк, на североистокот на Русија. Подоцна поднел оставка, а цело време ги одржувал личните интереси купувајќи уметнички слики, куќи, јахти и автомобили.

Според Bloomberg, богатството на Абрамович изнесува 13,7 милијарди долари. Додека според Forbes тоа е 12,3 милијарди долари. Тоа што го става под голем знак прашање е распонот на неговата независност од Путин.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе