Руни го нападна Мбапе: Не сум видел поголемо его

Бројот на ѕвезди што се собираат во соблекувалната на ПСЖ значи дека тие внимателно се следат во голем дел од светот. Иако Вејн Руни минува низ нова фаза од својот живот во САД каде што го предводи ДиСи Јунајтед, легендарниот Англичанец силно го нападна Килјан Мбапе.

Деновиве многу се пишуваше за внатрешната војна помеѓу Мбапе и остатокот од тимот на ПСЖ. Минатиот викенд парижаните не покажаа милост кон Монпелје, а натпреварот го одбележа расправијата меѓу Нејмар и младиот Французин за тоа кој ќе го изведе пеналот.

Видеото од инцидентот го обиколи светот, а стигна и до Руни, кој се нафрли на Мбапе и го спореди со Меси.

„Никогаш во животот не сум видел поголемо его. Некој треба да го потсети Мбапе дека кога Меси имаше 23 години тој веќе освои 4 Златни топки“, рече Руни во интервју за Depar Sports.

Да потсетиме, Мбапе промаши пенал на споменатиот натпревар, а потоа по вториот досуден пенал се обиде да му ја украде топката на Нејмар, што Бразилецот не му дозволи и постигна гол.

URL

Многу љубители на фудбалот сметаат дека однесувањето на Мбапе е неприфатливо и дека не ги почитува соиграчите, а мета на критики е и тренерот Кристоф Галтје кој покрај сѐ навести дека ѕвездата на француската репрезентација ќе остане изведувач на пенали на клубот.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more
 

Спорт

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе