Руска инфлуенсерка за санкциите: Здраво Американци, јас сум Наташа од Русија

Додека Западот воведува санкции  поради руската инвазија на Украина, а бројни светски компании моментално ги запираат бизнисите во таа земја поради што илјадници луѓе останаа без приходи, некои Руси ситуацијата ја доловија на саркастичен начин.

Така, руската инфлуенсерка Наташа Краснова објави видео во кое им се потсмеа на Американците за наметнатите санкции.

„Здраво Американци, јас сум Наташа од Русија. Сакам да ви се заблагодарам на сите ваши санкции, за тоа што ги исфрливте компаниите како Coca-Cola, KFC, McDonald's од нашата земја. Ние разбираме дека вие се грижите за нашето здравје и затоа ние ќе бидеме посилни и поубави“, го започна обраќањето таа.

„Но, затоа и ние се грижиме за вас, па го прекинавме нашиот гас така што сега мора да пешачите наместо да ги користите автомобилите. Не треба да се заблагодарувате. Жал ми е, но морам да одам да ја нахранам мојата мечка, да пијам вотка и да свирам на балалајка. Се гледаме подоцна. Од Русија, со љубов“, порача Наташа саркастично.

Освен McDonald's, со работа во Русија привремено запреа IKEA, H&M, Zara, Coca-Cola, Starbucks и многу други компании.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе