ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Сега пеналот има смисла: Рагбист го учел Кејн како да шутира

Филип Здравески
/ 13.12.2022 / 11:55

Откако Хари Кејн го промаши пеналот против Франција интернетот се наполни со шеги на негова сметка, но се чини дека го имаме победникот - и тоа вистинско видео на кое тој и познат англиски рагбист шутираат пенали.

Twitter профилот Troll Football објави урнербесно видео кое на многумина им го разјасни небесниот удар на Хари Кејн кога го промаши вториот пенал против Франција во четвртфиналето од Мундијалот во Катар. Со тоа промашување Англија не успеа да израмни на 2:2 и испадна, а Кејн стана трагичар.

Remote video URL

На видеото се појавуваат тројца ликови од кое едниот на сите им е познат - Хари Кејн. Таму е и британскиот комичар Бишоп, кој има улога на тренер, како и рагбистот Џони Вилкинсон, кој со Кејн шутира пенали. Всушност, се работи за еден од најдобрите рагбисти на сите времиња, кој, нормално, за фудбалските љубители е тотален анонимус.

Прво Кејн успешно погодува шутирајќи доле лево, на што Вилкинсон загрижено му приоѓа.

– Не, не, грешиш, на што а Кејн враќа:
– Но, влезе, па Вилкинсон додава:
– Дај да ти покажам.

Рагбистот ја мести фудбалската топка како да ќе изведува рагби дроп-кик и шутира високо над пречката.

– Промаши за милја, вели Кејн.
– Ама јас така освоив Мундијал за Англија, му враќа Вилкинсон.

Потоа и Кејн ја мести топката на истиот начин и го копира ударот на Вилкинсон, праќајќи ја топката кон небото.

URL

Џони Вилкинсон навистина ѝ донесе на Англија титула светски првак со таков удар. Тоа се случи на Мундијалот 2003 кога со 20:17 ја победија Австралија во финалето во Сиднеј. Токму Вилкинсон беше играч на натпреварот постигнувајќи дроп-гол со десна на 28 секунди до крајот.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе