Шест работи во сексот од кои жените се плашат

Жените никогаш немаат секс поради самиот чин, туку поради потреба од нежности, страст, љубов и романтика. Постојат неколку работи од кои жените се плашат кога станува збор за сексот, а мажите би требало да знаат барем за најчестите од нив.

1. Секс без заштита

Заштитата од сексуално-преносливи болести и несакана бременост е најважна ако сакате вашата партнерка да ужива во сексот. Mногу мажи преферираат секс без кондом, додека жените се плашат од бременост и од заразни болести. Доколку не се подготвени да имаат деца, методата на повлекување пред ејакулација за жените не е прифатлива.

Исто така, многу жени не сакаат да користат пилули за контрола на бременоста, па затоа мажите не би требало да инсистираат на сексуални односи без заштита.

Жените воопшто не би ни требало да си го трошат времето со некој убедувајќи го дека треба да користи заштита.

„Ако вашиот партнер е навреден на некој начин или се обидува да се чувствувате лошо затоа што сакате да стави кондом, најдобро е да си се облечете и да си заминете“, вели секс-експертката Емили Морс за Health.

2. Груб секс

Пред да се впуштат во таков вид секс, мажите треба добро да си ја запознаат партнерката. Доколку на погрешен начин и во погрешно време користат секс играчки и помагала, или не внимаваат што зборуваат во текот на сексуалниот чин, жената може да се исплаши.

Мажите не треба да глумат порно ѕвезди, туку отворено да пристапат кон партнерката разговарајќи на оваа тема. Секој од нас има лични граници и истото важи и за сексот. Некои сакаат малку погруб секс, но не секогаш и секаде. Експериментирањето и пробувањето нови работи е важно за сексуалното здравје, но сепак тоа треба да биде со некој во кого имате целосна доверба, некој кој нема да врши притисок и да ја премине удобната зона на партнерката.

3. Секс во текот на менструација

Некои жени немаат ништо против сексуални активности додека имаат менструација, но многу жени се чувствуваат непријатно. Неретко таквото сексуално искуство може да се претвори во катастрофа, па најдобро е да се причека неколку дена.

4. Анален секс

Аналниот секс дава поинакво искуство во однос на вагиналниот. Не се препорачува мажите да инсистираат на анален секс бидејќи може да ја шокираат партнерката. Постојат жени кои не се палат на анална стимулација, особено ако претходно имале лошо искуство.

5. Секс без страсти

Сексот без љубов и страст се случува само во порно филмовите. Сексот без добра предигра, бакнежи и милување само ќе биде непријатен за жените бидејќи тие преферираат романтика, емоции и љубов.

6. Дека е не е добра во кревет

Според Морс, никој не е лош во кревет. Можеби жената е помалку искусна или не била активна во последно време. Но, сè додека жената сака да биде со партнерот, нема од што да се плаши.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе