Што да очекувате при реинфекција ако сте вакцинирани или сте прележале ковид?

Голем број луѓе веќе еднаш прележаа COVID-19, некои дури двапати, но прашање е што ќе се случи ако повторно се заразиме со коронавирусот. Дали т.н клеточен имунитет ги ублажува симптомите при реинфекција или постои можност да имаме уште потешки симптоми?

Како ќе оди реинфекцијата зависи од неколку фактори. Експертите велат дека клучно е колку време поминало од последен пат кога сте биле заразени со COVID-19, колкав е ризикот од тешко боледување и колку време поминало од последната вакцинација, односно дали воопшто сте биле вакцинирани.

„Секое сценарио е можно со реинфекција. Во повеќето случаи тоа се поблаги симптоми, но нема гаранција“, изјави д-р Гејб Келен од Универзитетот Џон Хопкинс, пишува CNBC.

Ако сте прележале ковид, ќе развиете антитела кои ве штитат од нови инфекции. Не сите антитела ќе можат да спречат нова инфекција, но можат да ги ублажат симптомите. На сличен начин помага и редовната вакцинација. Затоа, ниту едното ниту другото не ви гарантира дека нема повторно да се заразите, ниту пак може да ви гарантира благи симптоми доколку навистина се разболите.

Ниту една вакцина, како и природниот имунитет, не се 100 проценти ефикасни, а сите овие засилувачи на имунитетот траат три до четири месеци пред да почне да слабее оптималната заштита.

Со други зборови, ако поминало некое време откако сте се вакцинирале или закрепнале од ковид, вашиот имунолошки одбранбен систем можеби нема да може да одговори на нова инфекција.

Како што стојат работите, омикрон и неговите подваријанти предизвикуваат поблаги симптоми од претходните видови на коронавирус. Експертите сметаат дека тоа делумно може да се должи на фактот што голем број луѓе веќе прележале ковид, но и поради големиот број вакцинирани лица. Значи, ако првпат сте биле заразени пред да се појават омикрон варијантите, реинфекцијата може да помине полесно, според малата студија на Центрите за контрола и превенција на болести (CDC).

Но, блага инфекција со омикрон исто така не е „мачкина кашлица“, дури и кај луѓе кои се во добра здравствена состојба и се вакцинирани. Болки во грлото, главоболка, општ замор, кашлица, назална конгестија и болки во мускулите се симптоми на овој вид коронавирус и може да траат со денови. Според CDC, ако сте постари, имате слаб имунитет или одредени коморбидитети, тие симптоми може да бидат многу полоши и покрај фактот што се работи за сој кој номинално има поблаг тек на болеста.

Експертот за заразни болести од Универзитетот во Сан Диего, Луси Хортон, за да се зголеми заштитата од реинфекција, предлага вакцинација со бустер доза прилагодена на варијантата омикрон, како и избегнување затворени простори со многу луѓе.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе