УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Солскјер: Ако некој сака да го критикува Роналдо, нека го изгледа натпреваров

Предводникот на Манчестер Јунајтед беше полн со пофалби по вчерашниот неверојатен пресврт против Аталанта, особено кон својот најскап фудбалер.

„Црвените ѓаволи“ синоќа на полувреме имаа негатива од 0:2, но со фуриозна и одлучна игра во вторите 45 минути успеаја да направат целосен пресврт и да победат со 3:2. Стрелец на последниот, трет и победнички гол беше кој друг ако не - Кристијано Роналдо.

Токму Португалецот изминатиов период беше цел на критики со обвинение дека не придонесува во играта и во дефанзивните задачи, односно дека не се труди доволно.

„Кристијано беше одличен пред голот. Ако некој сака да го критикува за неговиот труд и придонес, само нека го изгледа натпреварот. Погледнете како трча наоколу“, вели презадоволниот Оле Гунар Солскјер.

„Навистина сум многу задоволен од тоа како тој го предводеше нападот. Трчаше надолу, се пробиваше, вршеше пресинг, со таква игра сакаме да ја придобиеме публиката“, додаде.

„На крајот беше внатре во нашиот шестнаесетник, го видовте како спринтира, тој направи сѐ што еден центарфор треба да прави. А постигнувањето голови е она што тој го прави најдобро од сите“.

Роналдо летово се врати на „Олд Трафорд“ откако во 2009 година си замина одејќи во Реал Мадрид, каде што играше и досега. Сезонава има постигнато 6 гола на 8 натпревари, а 3 од нив се во неговото омилено натпреварување - Лигата на шампиони.

реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Фудбал

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Read more

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Read more

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Read more

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Read more
 

Спорт

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе