ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Солскјер не лета во облаци: Синоќа за малку ќе добиев отказ

Предводникот на „Црвените ѓаволи“ седи мирно на земја и покрај одличниот старт на новата сезона на неговиот тим и ентузијазмот дека конечно ќе се бори за титулата.

Оле Гунар Солскјер има одличен старт на сезоната и со 4 победи и 1 нерешена е на делба на првото место заедно со Челси и Ливерпул. Доаѓањето на Кристијано Роналдо дополнително ги загреа навивачите кои сега гледаат тим кој треба да се бори за титулата.

Синоќа Манчестер потврди дека има победнички менталитет откако славеше на тешкото гостување кај Вест Хем иако губеше со 1:0. Роналдо израмни, а Џеси Линдгард во 89. минута го постигна победничкиот гол. Длабоко во надополнувањето нововлезениот Марк Нобл промаши пенал откако Давид де Хеа го одбрани неговиот удар.

„Одиграни се само пет натпревари од сезоната. Веројатно синоќа бев пред отказ. Така функционираат работите во Манчестер Јунајтед“, вели Солскјер на новинарско прашање дали Јунајтед се бори за титула.

„Зсалуживме три бода. Тешко е да се игра тука. Се надевам дека овие поени ќе направат разлика. Што се однесува на титулата, ајде да видиме за тоа накај април-мај“, додаде тој.

„Мора да се браниме подобро. Мора да му направиме на противникот потешко да нѐ пробива. За примениот гол, поради некоја причина поставеноста ни беше лоша и ќе треба да поработиме на тоа“.

Тимот на норвешкиот стратег наредниот предизвик во има в сабота кога на „Олд Трафорд“ гостува Астон Вила.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more
 

Спорт

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе