Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја одобри за итна употреба вакцината на AstraZeneca и Универзитетот Оксфорд.
СЗО во соопштението наведува дека вакцината произведена од AstraZeneca-SKBio (од Јужна Кореја) и Институтот за серум од Индија е одобрена, јавија британските медиуми.
„Сега ги имаме на располагање сите делови за брза дистрибуција на вакцините. Но, сепак, треба да го зголемиме производството“, рече Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.
Вакцината беше одобрена неколку дена откако панелот на СЗО обезбеди привремени препораки, велејќи дека на возрасните мора да им се дадат две дози во интервали од околу осум до 12 недели, а може да се користат и во земји со јужноафриканска варијанта.
Одобрувањето на вакцината на AstraZeneca и Универзитетот Оксфор беше поздравено затоа што е поевтина и полесно се дистрибуира од другите вакцини, вклучително и вакцината на Pfizer/BioNTech.