Вело проблеми: Што кога улицата е тесна или нема велосипедска патека?

Александра Спасеска
/ 07.09.2020 / 11:31

Бројот на граѓани кои користат велосипед како основно превозно средство постојано расте, што е голем плус за секој модерен град.

Но, со растењето на бројот на вело-ентузијасти, расте и бројот на проблеми со кои се соочуваат, особено од инфраструктурен карактер.

Многу често, немањето инфраструктура или нејзината несоодветна поставеност и одржување ги демотивира луѓето да возат велосипед секој ден до работа или друга дестинација. Не само што знае да биде неудобно, возењето на места што не се назначени како велосипедски патеки може да биде и опасно, колку и да внимаваме.

Групата ентузијасти #НаТочак, чија заедничка цел е подобро велосипедско Скопје, информира, едуцира и апелира и на оваа тема.

Кога улицата е тесна и нема доволно простор за тротоари и велосипедски патеки, па моторизираниот и немоторизираниот сообраќај треба да се меша, тогаш мешањето треба да се направи на безбеден начин, пишуваат тие во објава на социјалните мрежи.

„Коловозот се стеснува, се користат издигнување на местото на пешачките премини, се користат други материјали и бои за да им укажат на возачите дека не се тие тука главни. Можат да се движат, но со големо внимание. Многу маалски улички во Скопје треба да се решат на ваков начин“, предлагат од #НаТочак.

Што значи „смирување на сообраќајот“?

Практично, секоја улица треба да има решение за пешачки и велосипедски сообраќај. Ако нема издвоен простор за пешаци и велосипеди, мора да го смири моторниот сообраќај до 30, 20 или 10 км/ч.

Кога има издвоени комотни тротоари и издвоени велосипедски патеки, само на тие улици смее да се вози до 50 км/ч, апелираат од #НаТочак.

Дали вие возите велосипед во урбана средина?

Кои се Вашите искуства со вакви ситуации?

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе