Во Калифорнија родени близнаци кои ќе слават различни родендени

Персоналот на болницата во калифорнискиот град Салинас и брачната двојка Фатима Мадригал и Роберт Трухиљо ќе ја паметат новогодишната ноќ по необичен настан – близнаци родени во две години, петнаесет минути пред полноќ, на 31 декември и на полноќ, на 1 јануари 2022 година.

Фатима и Роберт прво го добија својот син Алфред Антонио во 23:45 на последниот ден од 2021 година, а неговата сестра близначка Ајлин Јоланда Трухило се роди на полноќ на 1 јануари, јавија локалните медиуми.

Болницата на Twitter објави дека веројатноста за тоа да се случи е еден на два милиони.

– Лудо ми е што се близнаци и имаат различни родендени, изјави мајката Фатима Мадригал, признавајќи дека и самата била „изненадена и среќна“.

Матичната лекарка во болницата, докторката Ана Абрил Ариас, изјави дека ова породување е „едно од највпечатливите“ во нејзината кариера.

– Беше апсолутно задоволство да им се помогне на овие малечки безбедно да пристигнат во 2021 и 2022 година. Каков неверојатен начин да се започне Новата година, рече Ариас.

Двете бебиња наскоро ќе одат дома кај своите трите постари сестри и братчето.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе