Зад досега најголемата кражба на криптовалути стојат магионичар и интернет ѕвезда

Хакерскиот напад од 2016 година во крипто менувачницата Bitfinex важи за една од најголемите кражби во историјата. И додека многумина очекуваа зад овој потфат да стојат професионалци, реалноста е поинаква.

По шест години трагање по сторителите, американското министерство за правда ги откри сторителите кои се обвинети за перење пари во најголемата кражба на криптовалути во историјата.

Станува збор за младиот брачен пар, 34-годишниот Илја Лихтенштајн и неговата сопруга 31-годишната Хедер Морган, двајцата од Њујорк. Од измамата заработиле 3,6 милијарди долари.

Илја е магионичар, а Хедер е ѕвезда на социјалните мрежи. Заедно со години правеле измами, а според обвинението во текот на нападот на крипто менувачницата, направиле над 2.000 трансакции при кои криптовалутите биле префрлени на сметки со кои управувал токму Илја.

Тужителите наведуваат дека парот дел од украдените пари потрошил на злато, незаменети токени и подарок картички од 500 долари од Walmart.

Иако сето време имале „мрачна тајна“, на социјалните мрежи биле прилично активни, воопшто не трудејќи се да се сокријат од очите на јавноста.

Се работи за најголемата финансиска заплена, а за откривање на сторителите помогнало затворањето на илегалната платформа AlphaBay на која биле префрлени дел од парите. Кога страницата била затворена во 2017 година, властите добиле пристап до трансакции поврзани со Илја.

На парот му се заканува затворска казна до 20 години и дополнителни пет за обид на измама на државата. Моментално се во куќен притвор под електронски надзор.

Судијката Дебра Фримен одреди кауција од 3 милиони долари за Хедер и 5 милиони за Илја, а побара од нивните родители да ги стават куќите како гаранција дека ќе се вратат на суд.

Во 2016 година беа украдени 120.000 биткоини, а украдената вредност на еден изнесуваше околу 72 милиони долари. Денес, вредноста е толку порасната што истата скокна на 4,5 милијарди долари.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе