УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Занети за противник на Интер во финалето го сака Сити

Потпретседателот на Интер и клупска легенда, Хавиер Занети, вели дека сака да го избегне Реал Мадрид во финалето оти му се чини дека Лигата на шампионите премногу му лежи на шпанскиот клуб.

Откако Интер синоќа го завери својот билет за финалето кое на 10 јуни ќе се игра во Истанбул, „Нераѕурите“ вечерва мирно ќе го гледаат реваншот помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид и ќе го дознаат својот последен противник на патот кон драгоцениот пехар.

Иако повеќето се плашат од силниот и пребогат Манчестер Сити, Занети, пак, сака да го избегне шпанскиот кралски клуб.

„Би сакал да го избегнеме Реал Мадрид затоа што ова натпреварување се чини како создадено за нив. Сепак, најважното е што дојдовме до тука. Патот беше тежок, не е лесно да се игра дерби во полуфинале. Јас играв и загубив во 2003 година“, рече Занети во изјава за Sky Sport Italia. Таа сезона Интер и Милан исто така беа во полуфиналето, а натпреварите заврпија 0:0 и 1:1, но Милан отпатува во финалето оти тогаш важеше правилото за гол на гости, што во овој случај беше еден голем парадокс бидејќи двата тима всушност играат на ист стадион. Милан потоа ја освои тутулата.

Сонародникот на Занети, Аргентинецот Лаутаро Мартинес синоќа беше творец на втората победа на Интер во двомечот со лутиот градски ривал Милан.

„Многу сум среќен за него. Секоја година кај нас се подобрува. Тој е референтна точка за тимот и си го чуваме затоа што е премногу важен. Засега останува тука, потоа ќе видиме. Ајде да уживаме во победава. Среќен е овде, каде што си го пронајде домот. Среќен е во Милано и се надевам дека тоа ќе трае долго“.

Пред почетокот на сезоната Интер беше прежален откако беше извлечен во „групата на смртта“ заедно со гигантите Баерн и Барселона, плус чешка Викторија. Заврши втор зад тимот од Баварија откако во меѓусебните пресметки беше подобар од Каталонците. Потоа во нокаут-фазата ги исфрли Порто, Бенфика и сега Милан, а успеа на 5 натпревари да не прими гол, или вкупно 8 со оние од групата.

„Беше тешко, но постигнавме нешто неверојатно. Пофалбите одат кај тимот и тренерот, кои успеаја да реагираат во тешките моменти. Инѕаги не зборуваше многу, само докажа дека е вреден за финале“, заврши Занети.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more
 

Спорт

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе