Животната драма на принцезата Латифа: Во видео откри дека е во заточеништво

Принцезата Латифа ал Мактум, ќерка на владетелот на Дубаи, објави снимка во која раскажа дека ја држат во заточеништво и дека стравува за нејзиниот живот.

Во видео кое го снимила тајно во тоалет, принцезата Латифа вели дека нејзиниот татко Мухамед бин Рашид ал Мактум ја држи заточена во вила, која е всушност претворена во затвор.

„Секој ден стравувам за мојот живот, полицајци ми рекоа дека цел живот ќе бидам во затвор и никогаш нема да излезам. Секој ден се влошува мојата ситуација“, вели Латифа.

Видеото со принцезата го објави BBC, а властите во Дубаи не коментираат за веста. Во 2002 година принцезата се обиде да избега, па во снимка објавена во 2018 година на YouTube изјави дека сака да избега од земјата. Со солзи во очите наведе дека по првиот обид за бегство нејзиниот татко три години ја измачувал и ја држел во заточеништво.

Во март, 2020 година британското правосудство пресуди дека емирот на Дубаи наредил грабнување на неговите две ќерки Латифа и Шамса. Шамса на 18 години се обиде да избега од татко си во 2000 година, додека се наоѓаше в Англија.

Принцезата Хаја, која во 2004 година стана шестата сопруга на емирот, побегна во 2019 година во Лондон, заедно со двете деца.

Најновото видео на принцезата Латифа поттикна Обединетите Нации да покренат глобална истрага, а Велика Британија смета дека снимката е навистина загрижувачка.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе