Зошто некои луѓе се природно отпорни на корона?

Резултатите од нова студија на Универзитетот во Сао Паоло во Бразил откри зошто некои од луѓето се природно отпорни на новиот коронавирус.

Студија на парови во кои двајцата партнери биле изложени на коронавирус, но само еден од нив бил заразен, помага во расветлувањето зошто некои луѓе се природно отпорни на овој вирус.

Научниците веруваат дека ваквите случаи се ретки, но повикот на волонтери кои одговараат на тој профил резултираше со пријавување на околу 1.000 парови.

Во склоп на истражувањето се земени примероци на крв од 86 парови за подетална анализа.

Резултатите покажуваат дека резистентните партнери почесто имаат гени кои придонесуваат за поефикасна активација на таканаречени клетки природни убијци (НК клетки), кои се дел од почетниот одговор на имуниот систем.

Кога тие правилно се активираат може да ги препознаат и уништат заразените клетки, спречувајќи развој на болеста, објаснија научниците во студија објавена во Frontiers in Immunology.

„Нашата хипотеза е дека геномските варијанти кои најчесто се наоѓаат кај сопружникот подложен на инфекција доведуваат до производство на молекули кои ја инхибираат активацијата на овие клетки“, истакна Мајана Зац, авторка на студијата од Универзитетот во Сао Паоло.

Таа додава дека оваа студија не може да докаже дека тоа се случува. Дури и ако овој заклучок се потврди по повеќе истражувања, би требало да се истражи и придонесот, односно влијанието на другите имуни механизми.

Тагови
реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе