КУП НА МАКЕДОНИЈА 2023/2024 ФИНАЛЕ

Дајте ж'та, дајте црно тиквешко - куп пехарот оди во Кавадарци

Филип Здравески
/ 22.05.2024 / 23:42

Кавадаречката гордост, ФК Тиквеш, испиша историја откако за прв пат во својата 94-годишна историја освои куп титула откако во големото финале со 2:1 ја совлада охридска Воска Спорт на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Откако по првите половина час играта беше главно досадна, Тиквеш се разигра кога со закаснување на Север влезе навивачката група Лозари и ја запали атмосферата.

Понесени од моментумот, кавадарчани создадоа неколку шанси пред противничкиот гол, а Едиз Спахиу ја погоди и пречката. Резултатот конечно беше отворен на 4 минути пред паузата кога Кристијан Стојкоски со мајсторија од слободен удар го совлада одличниот Костадин Захов.

Remote video URL

Стратегот на охридската клупа, поранешниот македонски репрезентативец Срѓан Захариевским, на паузата направи три измени со цел да гио разбуди својот тим кој делуваше инертно. Сепак, тоа не се случи. Во 59. минута по еден корнер најдобро се снајде Бразилецот Луан Сантус Силва, кој донесе дуплирање на водството за Тиквеш.

Remote video URL

Охриѓани се вратија во игра со голот на резервистот Николче Шаркоски во 77. минута, но и тоа не беше плод на некоја конкретна акција, туку по грешка на словенечкиот голман Ариан Ренер.

До крајот Тиквеш успеа да ја сочува предноста иако Воска Спорт нападна. Кавадарчани на крајот бурно прославија со своите навивачи и симпатизери, кои ја наполнија северната трибина. На Север беа симпатизерите на Воска Спорт, кои на моменти се трудеа да дадат поддршка на својот тим, но сеа многу помалубројни од кавадарчани, што и беше очекувано со оглед на тоа што овој тим доаѓа од населбата Воска во Охрид.

Remote video URL

Со освојувањето на Купот кавадарчнани не само што ќе го однесат пехарот во Кавадарци, туку на лето и за прв пат ќе заиграат интернационално бидејќи како куп победници добија место во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

реклама

Фудбал

Навивач на Шкотска изведе иконска сцена од Braveheart пред стотици Германци

Read more

Словенија го освои ЕУРО 2024, ама во најдобро пиво

Read more

ПСЖ за 20 милиони го купи најдобриот руски голман

Read more

Трагедија: Почина голманот на Црна Гора, Матија Шаркиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да тренира по операцијата на коленото

Читај повеќе
  • play_arrow

Навивач на Шкотска изведе иконска сцена од Braveheart пред стотици Германци

Читај повеќе
  • play_arrow

Словенија го освои ЕУРО 2024, ама во најдобро пиво

Читај повеќе

ПСЖ за 20 милиони го купи најдобриот руски голман

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на крилјата на Дончиќ го замрзна Бостон на -38 и ја продолжи финалната серија

Читај повеќе

Трагедија: Почина голманот на Црна Гора, Матија Шаркиќ

Читај повеќе

Спалети им забрани многу работи на фудбалерите на Италија

Читај повеќе

Пепе и Роналдо се најстарите фудбалери на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Надал поради Олимпијадата го пропушта Вимблдон

Читај повеќе