Експертите советуваат: Како да се заштитите од корона зимава?

Со доаѓањето на зимата дојде и зголемување на бројот на заразени со коронавирус, а постуденото време, празничните собири и пазарењето се причина за повеќе инфекции, но и повеќе хоспитализации низ светот.

Дополнително, додека делтата сè уште е доминантна, се појави нова варијанта на вирусот наречена омикрон, која се шири исто толку брзо, а научниците се обидуваат да откријат колку е опасно.

Како да се справите со сето ова и како да се заштитите од инфекција, советуваше Скот Готлиб, поранешен комесар на американската Администрација за храна и лекови (ФДА).

Заразата се шири, како да останеме здрави?

Најлесен начин да се заштитите е да носите маска. Експертите посочуваат дека ова е само привремена мерка со која може да се зачуваат здравствените системи. Поради зимата луѓето почесто остануваат во затворени простории, а токму тоа треба да се избегнува. Но, ако е потребно, тогаш никаде без маска.

Болниците главно се полни со невакцинирани

Речиси половина од населението сѐ уште не е целосно вакцинирана. Колку невакцинираните може да се обвинат за ширење на инфекцијата или нешто друго го поттикнува ова зимско ширење?

Од потешка форма на болеста секако во многу поголема мера страдаат невакцинираните, посочуваат експертите. Ширењето на инфекцијата секако постои кај вакцинираните, а особено кај оние кои сѐ уште не примиле бустер доза.

Но, во споредба со минатата година во ова време имаше многу повеќе хоспитализирани во светот, а тоа може да се припише само на вакцината. Вакцинацијата дефинитивно влијае на намалениот број на хоспитализации и тешките форми на болеста кои не треба да се занемарат.

Омикрон превладеа над делта

Прашањето за омикрон е сè уште отворено и сè уште е под истрага. Експертите велат дека е тешко да се споредат земјите бидејќи имаат различни вакцини.

Можеби ќе бидат потребни повеќе бустер дози

Шефот на Pfizer рече дека можеби ќе биде неопходна четврта доза вакцина. Ова е особено точно за имунокомпромитирани лица и хронични пациенти кои можеби нема да можат да одговорат на вирусот како што треба.

Исто така, постои можност вакцината против COVID-19 да ја добиваме на годишно ниво.

Како да се спасите од инфекција?

Најдобро е да се следат советите на здравствените експерти во пандемија, а пред сè - да се вакцинирате. Покрај тоа, носењето маски, избегнувањето патување, држењето растојание, избегнувањето големи собири, избегнувањето затворени простори и засилената хигиена навистина може да биде доволно за да се заобиколи омикрон варијантата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе