КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

ФИФА ги поништи картоните, но ја остави суспензијата на Елмас

Светската фудбалска федерација го прифати барањето на УЕФА за бришење на жолтите картони пред баражите за пласман на Мундијалот, но одлучи веќе акумулираните суспензии да останат.

Фото: ФФМ

Одлуката на ФИФА нема апсолутно никаков ефект врз полуфиналните баражи, туку повеќе се однесува на финалињата.

Имено, избришани се само жолтите картони на играчите кои имаат по еден и кои беа под закана доколку добијат уште еден да не играат во евентуално финале.

ФИФА не прифати да се избришат суспензиите поради парни жолти картони, како и од црвените картони.

Ова значи дека Македонија на 24 март против Италија сепак ќе мора да игра без нашиот моментално најдобар фудбалер - Елиф Елмас, како и без играчот од средниот ред Тихомир Костадинов. Двајцата пожолтеа на последниот дуел против Исланд во ноември и заработија суспензија од еден натпревар.

Ваквата одлука во прилог ѝ оди на Италија која имаше дури десетмина кои беа под закана од суспензија доколку добиеја жолт картон, што ќе значеше дека немаше да играат доколку Италија би се пласирала во финалниот бараж. Такви играчи беа Џанлуиџи Донарума, Николо Барела, Федерико Бернардески, Џорџо Кјелини, Лоренцо Инсиње, Лоренцо Пелегрини, Матео Пезина, Рафаел Толои, Сандро Тонали, како и Федерико Кјеза кој и онака нема да игра поради тешката повреда.

И кај нас исто така има 10 играчи кои би избегнале суспензија за финалниот бараж само поради еден жолт картон, а такви се Езџан Алиоски, Бобан Николов, Влатко Стојановски, Марјан Радески, Дарко Велковски, Стефан Спировски, Адис Јаховиќ, Столе Димитриевски, Стефан Ристовски и Бојан Миовски.

URL

Победникот од дуелот на Италија и Македонија, кој ќе се игра во Палермо, потоа билет за Мундијалот во Катар ќе бара против победникот од натпреварот Португалија - Турција.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе