Генетска анализа: Еден човек заразил 700 луѓе на крузер

Во објавена генетска анализа е истакнато дека само еден човек бил извор на зараза на 700 луѓе на крузерот на Diamond Princess, едно од првите жаришта на COVID-19.

Тој брод стана идеален предмет за проучување и богат со лекции за светската научна заедница.

Студијата е објавена во американското списание PNAS. Тим од јапонскиот Институт за инфективни болести вели дека имаат секвенца од геном на вирусот земен од 148 патници и членови на екипажот на бродот кој јапонските власти го ставија во 14-дневен карантин на 3 февруари, откако еден 80-годишен патник кој претходно излезе од бродот во Хонгконг на 1 февруари беше позитивен на вирусот.

Сагата за карантинот на повеќе од 3.600 патници и членови на екипажот беше следена од целиот свет. Јапонија беше критикувана што не дозволи евакуација на бродот, додека земјите како што се САД правеа пресметки како да ги вратат американските државјани.

Сепак, на крајот околу 700 од 3.711 луѓе на бродот беа заразени со коронавирусот. Од нив починаа седум лица.

Студијата на податоци добиени од тој затворен простор на зараза доведе до првите процени на смртност од коронавирусот, тоа се 1,2 проценти.

Новата генетска анализа од материјалот на бродот покажа дека сите пронајдени вируси на бродот делат иста мутација што укажува дека ширењето на SARS-CoV-2 на бродот потекнува од само еден настан на внесување пред почетокот на карантинот, заклучија јапонските научници.

Заразата веројатно се раширила во текот на големите собири на патниците во заеднички простории каде играле, пееле, купувале и присуствувале на претстави.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе