Ѓоковиќ нема одговор: Можам само да се надевам дека ќе играм во Австралија

Српскиот ас не е сигурен дали ќе може да настапи на Австралија опен.

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, изјави дека не знае дали наредната година ќе може да игра на Австралија опен, и дека може само да се надева за тоа да се случи.

Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Лондон каде од 23 до 25 септември ќе игра на Лејвер купот. На новинарските прашања во врска со неговиот настап во Мелбурн, откако лани не му беше дозволен влез во Австралија бидејќи немаше сертификат за вакцинација против COVID-19, Србинот беше реален.

„Само можам да се надевам, тоа е сѐ што можам да кажам. Таа одлука не е во мои раце“, рече Ѓоковиќ, кој лани беше депортиран од Австралија.

Еден од најдобрите тенисери во светот, Швајцарецот Роџер Федерер, на турнирот во Лондон ќе го одигра својот последен натпревар во кариерата.

„Секогаш ќе постои дебатата за тоа кој е најдобар на сите времиња, тоа го оставам на другите да пресудат. Но, неговото влијание на играта беше огромно. Начинот на кој играше, без напор, совршено за очите на тениските тренери, играчи или самите љубители на тенисот. Остави огромно наследство кое ќе живее многу долго. Тој е еден од најдобрите спортисти кои се појавиле, во било кој спорт. А, неговата популарност на теренот и надвор од него говори сама по себе“, заврши тој, пренесува Eurosport.

Австралија опен секоја сезона традиционално е првиот од четирите грен слем турнири, а наредното издание во 2023 година ќе се одржи од 16 до 29 јануари. Бранител на тронот е Рафаел Надал.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе