АВСТРАЛИЈА ОПЕН 2023

Ѓоковиќ си поигра со Рубљов и избори полуфинале во Мелбурн

Деветкратниот освојувач на Австралија опен се пласираше во полуфиналето на овогодишното издание од првиот Грен слен турнир откако со убедливи 3:0 го среди рускиот тенисер Андреј Рубљов.

Беше тоа двобој на петтиот и шестиот рекет моментално во светот според АТП ранг-листата, но на теренот воопшто не личеше на таков бидејќи беше далеку од рамноправен. Ѓоковиќ доминираше од самиот почеток, па во првите два сета на противникот му препушти само три гема, а потоа направи брејк во првата игра од третиот сет за водство кое мирно го задржа за да ја оствари својата 26. последователна победа во Мелбурн.

Новак Ѓоковиќ ја освои Австралија опен во 2019, 2020 и 2021 година, додека минатата 2022 година не му беше дозволен влез во земјата бидејќи немаше примено вакцина против COVID-19.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе играа против Американецот Томи Пол кој претходно денеска го совлада сонародникот Бен Шелтон со 3:1 (7-6 (6), 6-3, 5-7, 6-4). Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Гркот Стефанос Циципас и Русинот со ерменско потекло, Карен Хачанов.

Кај тенисерките во полуфиналето ќе играат Магда Линет и Арина Сабаленка, односно Викторија Азаренка и Јелена Рибакина.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе