Идеја за ручек: Тортиљи со пилешко и зеленчук

Брз и вкусен ручек, тортиљи со пилешко и зеленчук идеален за целото семејство.

Потребни состојки:

-600 г пилешко бело месо

-8 големи тортиљи

-2 лажици маслиново масло

-2 црвени пиперки

-1 кромид

-300 г пченка

-сол, бибер и чили

-200 г рендан кашкавал

Состојки за сос:

-2 лажици маслиново масло

-2 лажици брашно

-400 мл супа од зеленчук

-100 мл пасирани домати

-1 лажичка лут црвен пипер

-2 лажички благ црвен пипер

-1 лажичка лук во прав

-половина лажичка оригано

-сол

Начин на подготовка:

Прво подгответе го сосот.

Загрејте ја супата во посебно тенџере. На умерена температура, во друг сад, на загреано масло додадете го брашното и мешајте две минути. кога брашното ќе пожолти, додадете од лутиот и благиот пипер, лукот и ориганото, па мешајте.

Потоа, малку по малку додавајте ја загреаната супа со постојано мешање. Додадете ги пасираните домати, посолете и оставете сосот да се вари околу 10 минути. Додадете сол или зачинете со зачини по вкус.

Исчистете го кромидот и ситно исечете. Пиперките исечете ги на коцки, пилешкото месо измијте го и исечете го на помали делови. На умерена температура оставете кромидот да се попржи околу 5 минути. Додадете ги пиперките да се пржат додека не омекнат, а потоа и пилешкото. Посолете, зачинете, додадете малку чили и пченка, па нека сè заедно се вари додека пилешкото не биде спремно.

Подгответе малку подлабок калап за печење и намрсете со масло.

Почнете со тортиљите, на секоја тортиља ставете по лажица или две од подготвениот сос, пилешко и малку рендан кашкавал, па замотајте ја тортиљата и ставете ја во плех.

Продолжете tака додека не ги потрошите тортиљите и месото. Остатокот од сосот прелијте го над тортиљите и потоа додадете го остатокот од ренданиот кашкавал.

Печете 20 минути во загреана рерна на 180 степени.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе