Совети на нутриционист

Како правилно да ги миете овошјето и зеленчукот?

Нутриционистот Синтија Сас за Health откри кој е најдобриот начин за миење на свежото овошје и зеленчукот.

Овошјето и зеленчукот се мијат за да се отстранат микробите, пестицидите и остатоците од земја. Понекогаш земјата е видлива на зеленчукот, но микробиолошките патогени како салмонела, Ешерихија коли и други микроби не се видливи со голо око.

Истражувањата покажуваат дека остатоците од пестицид имаат негативен ефект врз здравјето. Така на пример, прехранбените пестициди може да бидат поврзани со негативните репродуктивни последици за жените, особено со помала веројатност за забременување. Според студија објавена во Human Reproduction Consumption, јадењето производи со високо ниво на остатоци од пестициди може негативно да влијае и на машката плодност.

Како треба правилно да ги миете овошјето и зеленчукот?

Според Американската агенција за храна и лекови (FDA), не се препорачува миење со сјај или сапун.

„Свежите производи се порозни така што овошјето и зеленчукот можат да апсорбираат од споменатите средства и покрај темелното плакнење. Може да ви се слоши ако ги консумирате така измиени“, наведуваат тие.

Наместо тоа, овошјето и зеленчукот најдобро се мијат под млаз студена вода. Цврстите производи, како краставици, може да ги истриете со четка.

„По миењето исушете ги производите со крпа или хартија за да ги отстраните евентуалните бактерии кои може да бидат присутни на површината, пишува FDA.

Кај веќе исеченото овошје или зеленчук, за кое е наведено дека се измиени и подготвени за јадење, не е потребно дополнително миење.

Студија од 2018 година, објавена во Science of Food and Agriculture, вели дека со миење или навлажнување со вода пестицидите може да бидат отстранети до одреден степен. Најбезбедно е да се отстрани кората.

Важно е да се спомне дека јадењето пет до седум порции производи дневно е подобро од ризикот од пестициди. Дури и ако миењето не ги отстранува целосно пестицидите, подобро ќе бидете заштитени со консумирање на овошје и зеленчук отколку ако го избегнувате.

Дури и органските производи содржат пониско ниво пестициди и тие мора добро да се измијат пред употреба.

Може ли да се мијат со оцет?

Можеби сте чуле дека некои луѓе ги мијат овошјето и зеленчукот со оцет. Студија ги проучуваше ефектите на различни начини миење. Салата, брокула, јаболка и домати беа изложени на бактерии, па измиени со обична вода, 5% течност со оцет и 13% течност со лимон.

Резултатите покажале мали разлики, но научниците утврдиле дека најдобар пристап пред консумација е миењето под студена вода и триење со четка каде што е  применливо.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе