Хрватска свадба во пандемија: КОВИД редари и само еден танц за младенците

Хрватскиот институт за јавно здравје објави нови препораки за одржување свадбени прослави во време на пандемијата со COVID-19.

Според препораките, дозволен е само еден танц за младенците, во кој на дистанца може да им се придружат нивните родители или членовите на тесното семејство, на почетокот на прославата, а после тоа не е дозволено танцување.

За време на свадбената прослава, се препорачува физичко растојание од еден и пол метар во сите простории. Ова правило не мора да се применува кај членови на исто домаќинство или лица кои се во близок контакт.

Секој гостин на свадбата мора да има простор од најмалку четири квадратни метри, а доколку има повеќе од 50 гости на свадбата, мора да се обезбедат КОВИД редари, пренесува Index.hr.

Местата за седење мора да бидат означени однапред и оддалечени метар и половина, а растојанието помеѓу масите мора да биде три метри.

Може да има најмногу осум лица на една маса.

Рекорден број заразени во еден ден

Рекордни 748 новозаразени од COVID-19 и четири смртни случаи се регистрирани во Хрватска во последните 24 часа.

Во моментов во земјата има 3.210 активни случаи, од кои 441 пациент е во болница, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Од хоспитализираните, 27 пациенти се на респиратор.

Од 25 февруари вкупно 21.741 лице е заразено со новиот коронавирус во Хрватска, од кои 334 починале.

Вкупно се излекувани 18.197 лица, од кои 308 во последните 24 часа.

Во моментов има 16.598 лица во самоизолација.

До денеска се тестирани вкупно 372.683 лица, од кои 6.448 во последните 24 часа.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе