ПРОТОКОЛ ЗА ОТВОРАЊЕ И РАБОТА НА ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ

Корона шопинг: Забрането пробување облека во продавниците во трговски центри

Трговските центри отворија, но шопингот веќе никогаш нема да биде ист.

Мерките во земјава почнаа да се олабавуваат, а од вчера согласно одлуката на Влада почнаа со работа дел од трговските центри, спортските обложувалници и автошколите. Веќе од вчера преку центрите за едукација за возрасни може да се спроведуваат обуки и семинари. Се отворија и автоиспитните центри и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје. По препорака на Комисијата за заразни болести од вчера почнаа со работа и стоматолошките ординации во земјава кои се должни да се придржуваат кон протоколите и упатствата за работа.

Владата вчера ги објави Протоколите кои произлегуваат од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

ПРОТОКОЛ ЗА ОТВОРАЊЕ И РАБОТА НА ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ
  • Ограничено/скратено работното време (10:00-18:00) /затворени во недела
  • Регулирање на влезот на лица во затворениот продажен центар од страна на овластено лице, така што да не се дозволи групирање на луѓе во ходниците, така што ќе се дозволи по едно лице на 5м²
  • Ограничување за лицата над 65 години, со можност за пазарување до 12 часот
  • Задолжително носење на заштитни маски и ракавици на вработените
  • Задолжително носење на заштитни маски на купувачите
  • Одржување на физичко растојание меѓу купувачите и меѓу купувачите и продавачите од 1,5-2м
  • Поставени на јасно видливи места, едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичка дистанца, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена. Дополнително, преку разглас (на секои 30 минути) информирање на купувачите за почитување на овие превентивни мерки
  • Регулирање на бројот на купувачи согласно квадратурата на продавницата, на 8-10м² продажен простор, по еден купувач
  • Задолжително одредено лице од фирмата пред влезот на продавницата да го организира редот и бројот на купувачи
  • Пред влезот на продавницата обезбедено средство за дезинфекција на рацете
  • Во продавниците за облека забрането пробување на облека - да се даде можност за пробување дома со можност за замена на купената облека
  • Доколку на касите за плаќање не може да се обезбеди растојание од 1,5-2м помеѓу продавачот (касиерот) и купувачот да се постави бариера од плексиглас. Доколку има повеќе каси за наплата да се обезбеди растојание од 1,5-2м помеѓу касите во редот
  • Пред касите да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2м меѓу купувачите
  • Засилени санитарно-хигиенски мерки, односно зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини
  • Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more
 

Магазин

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе