Листата на КОВИД симптоми се смени: Кои знаци сега укажуваат на инфекција?

Две години по пандемијата, здравствените експерти забележаа промена во појавата на симптомите на COVID-19.

Покрај покачената телесна температура, главоболката и другите симптоми кои исто така се поврзани со настинка, најчест симптом на инфекција со коронавирус овие денови е болно грло.

Според доктор Тим Спектор, професор од лондонскиот Кралски колеџ, кој е и еден од основачите на апликацијата за истражување на COVID-19, две третини од заразените имаат болки во грлото.

Во извештајот што го пренесува Independent, овој доктор вели дека овие денови ретко се забележуваат треска и губење на мирис и вкус кај луѓето. Од друга страна, губењето на апетитот сè уште е еден од типичните симптоми на COVID-19.

„Во раните фази на пандемијата, губење на апетит беше пријавено од околу три од десет возрасни лица со COVID-19, што се зголеми на околу четири од десет луѓе на возраст над 65 години“, вели д-р Спектор.

Други вообичаени симптоми

Други симптоми на COVID-19, кои исто така често се забележуваат кај луѓето се течење на носот, главоболка, кивање, постојана кашлица, отежнато дишење, а понекогаш и висока телесна температура.

Заморот е симптом кој постои кај заразените лица за време и по COVID-19 и моментално се смета за главен показател за долг ковид, односно состојба во која симптомите остануваат видливи со недели или месеци по инфекцијата.

Покрај горенаведените симптоми, не треба да се игнорираат дијареа, болки во градите, зуење во ушите, проблеми со спиењето, губење на меморијата и концентрацијата.

Потешко откривање на случаи, полесно ширење

Иако покачената температура од почетокот се сметаше за примарен симптом на COVID-19, сега отсуството на температура не значи дека немате ковид. Веќе болно грло и блага главоболка значат можност да сте се заразиле со вирусна инфекција.

Згора на тоа, високата температура и губењето на сетилото за мирис сега се навистина ретки, поради што многу постари луѓе понекогаш мислат дека немаат COVID-19, туку настинка.

Недостатокот на свесност за симптомите го забавува темпото на тестирање и надзор. Луѓето кои досега се запознаени само со симптомите на инфекцијата не се тестираат и како резултат на тоа, инфекцијата продолжува да се шири.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе