Анкета од 1.500 мајки открила дека една четвртина од нив едноставно не сакаат да ги оптоваруваат другите со нивните тешкотии.
Анкетата ја нарачала британската кондиторска компанија Maltesers и е спроведена во активистката за ментално здравје Ешли Џејмс како дел од новата кампања на социјалните мрежи за да се потенцира важноста за одржување на мајчиното ментално здравје, пренесува Mirror.
„Како нова мајка, ја разбирам комплексноста и опсегот на чувства што ги носи родителството. Има многу смеа и солзи, но не само од вашето бебе. Без разлика дали се работи за ваши сопствени искуства или искуства на наши пријатели, браќа и сестри или партнери, знаеме дека за прашањата за менталното здравје на мајките ретко се дискутираат и честопати се сметаат за табу. Но, реалноста е дека да се биде мајка е тешко и сигурно не ни помагаат одличните, фотошопирани слики што ги гледаме секој ден. Жалосно е што овие наоди од истражувањето не открија ништо за кое не се сомневавме и претходно“, заклучува Џејмс.
Еве што откри истражувањето:
1. Секс (32 проценти)
2. Ослабен мочен меур (20 проценти)
3. Гради од кои протекува млеко (13 проценти)
4. Фактот дека им е потребна поголема поддршка (13 проценти)
5. Емоции (12 проценти)
6. Чувство на преоптовареност и поразеност (10 проценти)
7. Чувство дека никој не ги гледа или доживува (10 проценти)
8. Стрии (9 проценти)
9. Приказни за раѓање (8 проценти)
10. Доење (8 проценти)
1. Празници (29 проценти)
2. ТВ-програми (24 проценти)
3. Општи озборувања, на пример за луѓе кои ги познаваат (23 проценти)
4. Планови за викенд (21 процент)
5. Пазарење (21 процент)
6. Планови за во иднина (18 проценти)
7. Филмови (17 проценти)
8. Облека (14 проценти)
9. Колку се зафатени (14 проценти)
10. За партнерите (13 проценти)