Мек ролат со пишкоти и чоколаден фил

Направете ролат со пишкоти и чоколаден фил и израдувајте го вашето семејство.

Ролатите, без разлика дали се солени или благи, се добредојдени на секоја празнична трпеза. Кога една домаќинка сака да ги покаже своите вештини, прави ролат. Во продолжение прочитајте како се подготвува ролат со пишкоти, чоколаден фил и лешници. Лесен и кремаст, ќе се стопи в уста, а подготовката воопшто не е комплицирана.

Потребни состојки:

  • 300 гр пишкоти
  • 150 мл млеко

За филот:

  • 500 мл млеко
  • 15 гр ванилин шеќер
  • 50 гр шеќер
  • 80 гр пудинг од ванила
  • 250 гр крем сир
  • 300 мл слатка павлака

За карамелизираните лешници:

  • 100 гр лешници
  • 100 гр шеќер
  • 100 гр нутела

За украсувањете:

  • нутела
  • лешник
  • фереро роше

Подготовка:

На проѕирна фолија наредете ги пишкотите (3 реда по 10 пишкоти). Во млекото додадете шеќер и пудинг, па варете со постојано мешање додека не се згусне. Покријте со проѕирна фолија и оставете да се излади. За тоа време изматете ја слатката павлака со ванилиниот шеќер и додадете го крем сирот, па соединете со миксер. Потоа додадете го изладениот пудинг кој сте го изматиле и премачкајте го преку пишкотите. Растопете го шеќерот, па додадете ги лешниците и измешајте. Потоа добиената смеса истурете ја на хартија за печење и оставете ја да се излади. Изблендирајте ги лешниците, па додадете ги во филот, како и нутела. Изматете убаво и премачкајте преку пишкотите. На работ од ролатот истурете нутела и одозгора ставете ги лешниците, па ролајте. Оставете го во фрижидер 2 часа, па украсете со нутела и фереро топчиња.

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе