Модриќ испрати емотивна порака до Крос и го остави без зборови: Тешко ми е да го напишам ова

Долги години го формираа најдобриот тандем за среден ред во светот на фудбалот и шетаа низ Европа, а сега се збогуваат еден со друг. Лука Модриќ му испрати потресна порака на Тони Крос по одлуката на Германецот да ја заврши кариерата.

Крос (34) вчера го шокираше фудбалскиот свет со пораката дека на крајот од сезоната ја завршува кариерата. На сите им се чинеше дека може да игра уште неколку години, но Германецот реши да се збогува со најважната споредна работа на светот откако ќе одигра на Европското првенство.

Германскиот играч за врска со години брилјираше заедно со Лука Модриќ во средниот ред на Реал, а токму Хрватот испрати емотивна порака на социјалните мрежи откако дозна дека Крос се збогува.

„Драг Тони, тешко ми е да го напишам ова. Светот на фудбалот е тажен затоа што си заминува историски голем фудбалер. Признавам дека сум и тажен затоа што ти си легенда на овој спорт и легенда на Реал Мадрид. Навистина ми беше чест да го делам со тебе средниот ред на Реал Мадрид. .. Никогаш нема да ја заборавиме оваа златна ера во нашиот живот, но ти останува уште една работа, ајде да одиме по 15-тата (титула во Лигата на шампионите). Ќе ми недостасуваш, пријателе“, напиша Модриќ на Instagram.

Крос во коментар му одговори: „Толку многу спомени... wow. Оваа љубов ќе трае вечно пријателе!“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Luka Modric (@lukamodric10)

Пред Реал, Крос 8 години беше дел од Баерн, од кои година и пол играше како позајмен за Баер Леверкузен. Со клубовите освои 31 трофеј.

Вкупно постигна 73 гола и 165 асистенции на 751 натпревар за трите клуба и освои сѐ што требаше да се освои - од Бундфелигата, ДФБ купот и ДФБ суперкупот, Ла Лига, Копа дел Реј и Суперкопа де Еспања, па сè до Лигата на шампионите, од кои има дури 5, УЕФА суперкупот и Клупскиот мундијал на ФИФА.

За Германија одигра 108 натпревари и постигна 17 натпревари, а се повлече од националниот дрес по елиминацијата од ЕУРО 2000. Од 2010 Германија редовно ја претсавуваше на Мундијалите во 2010, 2014 и 2018, како и на ЕУРО 2012, 2016, 2020, а ќе игра и сега во 2024 откако ја прифати молбата од селекторот Јулиан Нагелсман да се врати и за последен пат да ѝ помогне на репрезентацијата на домашното Европско првенство.

реклама

Фудбал

Навивач на Шкотска изведе иконска сцена од Braveheart пред стотици Германци

Read more

Словенија го освои ЕУРО 2024, ама во најдобро пиво

Read more

ПСЖ за 20 милиони го купи најдобриот руски голман

Read more

Трагедија: Почина голманот на Црна Гора, Матија Шаркиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да тренира по операцијата на коленото

Читај повеќе
  • play_arrow

Навивач на Шкотска изведе иконска сцена од Braveheart пред стотици Германци

Читај повеќе
  • play_arrow

Словенија го освои ЕУРО 2024, ама во најдобро пиво

Читај повеќе

ПСЖ за 20 милиони го купи најдобриот руски голман

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на крилјата на Дончиќ го замрзна Бостон на -38 и ја продолжи финалната серија

Читај повеќе

Трагедија: Почина голманот на Црна Гора, Матија Шаркиќ

Читај повеќе

Спалети им забрани многу работи на фудбалерите на Италија

Читај повеќе

Пепе и Роналдо се најстарите фудбалери на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Надал поради Олимпијадата го пропушта Вимблдон

Читај повеќе